Инстаграм почна со тестирање во САД на претплати кои ќе им дозволат на креаторите на содржина да покажат ексклузивна содржина само на нивните претплатници. По оваа објава на Марк Зукерберг минатата недела, и Тик Ток објави дека ја тестираат услугата за платени претплати, отворајќи ја можноста на креаторите на видео платформата да наплатат за својата содржина.
Одредени креатори и влијателни лица на Инстаграм добија можност да направат ексклузивни лајв стримови, сториња и постови за претплатниците кои ќе бидат означени со нијанса на виолетова боја за да им се овозможи на креаторите да заработат повеќе. Ова го изјави минатата недела Марк Зукерберг.
Од Тик Ток не споделија детали за тестирањето и дали оваа опција наскоро ќе биде достапна, а соколку оваа услуга биде усвоена, тоа ќе биде најновиот потег на ТикТок да им помогне на своите создавачи да ја монетизираат нивната содржина, откако во декември го претстави својот Creator Next центар со алатки за монетизација и ја претстави својата функција за оставање бакшиш на одредени создавачи, откако ја тестираше со помала група.
Креаторите на Инстаграм, можат да наплатат помеѓу 0.99 до 99.99 долари месечна претплата, според The Verge.
Адам Мосери, шефот на Инстаграм кажа дека компанијата работи на начини како креаторите својата листа на претплатници да ја користат и на други социјални медиуми.
„Kреаторите работат на начин да заработат за живот и важно е тоа да биде предвидливо. Претплатите се еден од најдобрите начини за предвидлив приход, нешто што не е одредено според тоа колку вашиот пост ќе стигне до бројка на корисници“, вели Мосери.
Инстаграм е најновата платформа за социјални медиуми која се обидува да го следи успехот на сајтовите со содржина како Онлифенс и Патреон, како и платформата за билтен Сабстек.
Извор: Forbes.com