Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница „Жан Митрев“ секогаш е во тек со најсовремените и најмодерни методи на медицинска и хируршка нега на кожата како и естетско подобрување. Последниот новитет во Центарот за естетска дерматологија е Foto Finder, светски лидер во видео дермоскопија.
Кожата е најфасцинантниот орган на човечкото тело, бидејќи нè заштитува одново секој ден. Токму оваа фасцинација од најголемиот орган – кожата ги мотивирала иноваторите на Foto Finder преку континуиран развој да ја реализираат својата пасија да се грижат и да ја лекуваат кожата.
Последната иновација за рано откривање на рак на кожата е револуционерна за мапирањето на бенки во пост-корона времето. Дермоскопското испитување на целото тело со помош на Foto Finder ги спојува целосното мапирање на телото (Total Body Mapping) и дермоскопијата. При тоа со хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри од пациентот, прегледот може да се одвива во безбедно опкружување. Foto Finder обезбедува врвна технологија која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки.
Раното откривање на рак на кожата не треба да се занемари
Сè започнало во 1991 година, на почетокот на новата мултимедијална ера. Андреас и Рудолф Мајер имале визија да развијат база на податоци за дигитални слики која ќе ги направи фотографските архиви излишни! Оваа визија била всушност камен-темелникот на Foto Finder. Првата канцеларија им била зад една азиска продавница во Минхен, а тие немале ниту бизнис план ниту почетен капитал. Никој не ни претпоставувал дека Foto Finder ќе еволуира од старт-ап со двајца луѓе во глобален медицинско-технолошки бренд. Сето тоа се случило благодарение на контактот со еден професор по дерматологија кој прецизно фотографирал бенки и креирал хартиена архива, процедура која одземала многу време.
Наскоро им станало јасно дека следењето на бенките во дигитална форма може да направи револуција во откривањето на ракот на кожата! Така во 1994 година се раѓа медицинската видео камера и наскоро се развива првиот дермоскопски систем за сликање Foto Finder. Во првите неколку години, секоја продажба била достигнување, а испораките патешествие со малиот компактен автомобил низ цела Европа. Денеска, FotoFinder е светски лидер во видео дермоскопија, наградуван и присутен во над 100 земји ширум светот.
Иако вообичаено мај е месецот кога зборувавме за подигање на свеста за ракот на кожата, сепак редовните прегледи кај дерматолог се неопходни за вашето здравје. Особено поради фактот дека меланомот-ракот на кожа се развива подмолно, без речиси никакви симптоми, а неговото навремено откривање може да спаси живот.
Како работи Foto Finder?
Во време на Ковид 19 секој миг е важен
Со ултра брзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција се заштедува време, а контролите на кожата се на сосема ново ниво на квалитет. Самата оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6 метри овозможува прегледот да биде безбеден.
Мозаикот наречен бенки
Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси. Овој таканаречен „мозаичен приказ“ помага да се идентификуваат сомнителните лезии уште веднаш. Со тоа, видео-дермоскопскиот преглед се фокусира само на неколку атипични лезии за кои е потребна дополнителна проценка. Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум.
Tехнологија на вештачка интелигенција за комплетно мапирање на кожата
Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI). Токму Foto Finder со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем.
Дермоскопија со максимална хигиена
Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да се искористи видео дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. Foto Finder Medicam доаѓа со заменливи предни капачиња кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент.
Особено во услови на пандемијата со корона висурот која трае подолго време, сигурни сме дека не сте направиле редовна контола и затоа би сакале да ве потсетиме дека особено во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот!