Добредојдовте во месецот на посни, здрави и празнични рецепти со нашите соработници Cooking with Branko и Foodbar.
Во месец декември, здравите и свежи производи на Foodbar, Cooking with Branko ги комбинира во лесни и едноставни рецепти за максимално задоволство и уживање.
Хранете се здраво и уживајте во новогодишните и божиќни празници.
Потребни состојки:
- 300гр. Foodbar тиква
- 150гр. цвекло
- 2 мали тиквички
- 1 главица црвен кромид
- 150гр. индиски ореви
- 1 кесички Foodbar Беби спанаќ
- Половина лажичка сол
- Малку бибер
- 50мл. маслиново масло
Начин на подготовка
Foodbar тиквата ставете ја на хартија за печење во плех заедно со свежото цвекло пресечено на кругчиња и свежите тиквички. Печете околу 20 до 30 минути на температура од 200 степени. Зачинете ги тиквичките и цвеклото со сол, бибер и малку маслиново масло.
Додека се пече тиквата и останатиот зеленчук, исечете го кромидот на кругови и ставете го во вок тава на претходно загреано маслиново масло. Додадете сол по вкус и пржете околу 10 до 15 минути додека не зарумени кромидот.
Во загреано тавче додадете ги индиските ореви и печете ги околу 5 до 10 минути додека не добијат црвеникава боја.
Откако ќе ги подготвите состојките за оваа салата започнете со нејзино поставување.
Земете голема плитка чинија, прво поставете го Foodbar Беби спанаќот, врз него додадете ја печената Foodbar тиква на коцки, потоа додадете го печеното цвекло и тиквичките. Продолжете со кромидот и печените индиски ореви. Врз сите состојки додадете маслиново масло и зачинете со одреден зачин по ваш вкус.