Mодниот лидер во нашиот регион ,,Fashion Grоup” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови, но и веќе постоечките, со подобрени и унапредени продавници: Timberland, Parfois, Okaidi, Springfield, Fashion & Friends, како и три сосема нови трговски марки на македонскиот пазар. Сите осум проекти се простираат на вкупна површина од 2.000 квадратни метри, и во новиот трговски центар ќе бидат уредени според најновите идејни концептни проекти за внатрешно уредување.
Брендот Mango ќе се простира на 580 метри квадратни ќе биде уреден според последните стандарди и ќе се престави со целата своја колекција, каде покрај женската линија, за прв пат во Ист Гејт Мол се најавуваат и други колекции од брендот.
Од компанијата како новитети во Ист Гејт Мол ги најавуваат и брендовите DAN JOHN и KIKO MILANO, како лидери во својата област и сосема нова свежина на пазарот.
Трендсетерот и бизнис лидер во модата на нашите простори, мултибренд продавницата Fashion&Friends ќе се претстави со целосно нов концепт и понуда на дополнително нови брендови со што ќе има вкупна застапеност од над 20 модни марки за конфекција и обувки како Calvin Klein, Camper, Desigual, Diesel, Inuikkii, Levis, Liu Jo, Miss Sixty, Moose Knuckles, Mou, Paciotti, Patrizia Pepe, Premiata, Replay, Scotch & Soda, Steve Madden, Supedry, Tommy Hilfiger и други.
Љупчо Маневски, комерцијалниот директор на Fashion Group официјално ги предаде нацртите за осумте проекти на лизинг тимот на Ист Гејт Мол и изјави:
„Fashion Group и понатаму останува омилено место за мода за сите прогресивни генерации. Претставуваме понуда која се темели на долгогодишно искуство и страст за создавање вредност за партнерите и купувачите, што се преточува во нови иницијативи како отворањето на овие осум проекти во Ист Гејт Мол“.