Нашите добро познати пријатели од Bellina, специјализирани за сертифицирана органска и природна козметика, од неодамна ја проширија својата палета со нова категорија – органска храна и суплементи, а моментално во нивната понуда имаат околу 4.300 производи, од 81 различен бренд.
Палетата на нивните производи е многу разновидна и вклучува многу категории, па така во делот на храната можете да пронајдете од апетисани и грицки, чоколада, благи закуски, мусли, шејкови, солени намази, тестенини, конзервирана храна, готови и полуготови оброци, растителни алтернативи на млеко, бебешка храна, храна за миленици и многу други категории. Сега на едно место можете да најдете голем број продукти за подготовка на здрави и вкусни оброци, како и здрави и органски закуски.
Храната можете да ја најдете на нивната интернет-страница bellina.mk или во новоотворениот биошоп во зградата „Настел“, населба Тафталиџе.
Голем дел од производите се вегански, безглутенски и без додаден шеќер во составот. Производите што можете да ги најдете во нивната палета се од најреномираните европски производители, од добро познатите брендови, како Urtekram, Allos, Dragon Superfoods, Biovegan, Yogitea, Bjorg и многу други.
За повеќе информации, можете да се информирате на нивната интернет-страница (www.bellina.mk) или на некоја од нивните страници на социјалните мрежи @bellina.mk и @bellina.biofoods.
Голем дел од нивните производите, како и многубројни интересни рецепти, можете да најдете и на инстаграм-профилот @vegan_viki_.
Викторија Спенџарска Стеен е жената која стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_.
Таа е мајка на две девојчиња, Љубљана и Емона, блогер за веганска храна и поборник за кревање на свеста за користење храна од органско потекло. На својот инста-профил секојдневно објавува здрави рецепти за целото семејство – и за возрасни и за деца.
„Да консумираме природна и органска храна значи да имаме највисока форма на почит кон себеси“, вели Вики на својот инста-профил.
Ви претставуваме дел од рецептите:
Чиа пудинг со смокви и млеко од соја
Потребни состојки:
1 шолја млеко од соја
3 лажици чиа семе
1 лажичка јаворов сируп
2 лажици слатко од смокви
Неколку смокви за декорација
Во тегла се мешаат млекото од соја, чиа семето и јаворовиот сируп и се остава да отстои во фрижидер барем еден час. Една смокви се сече на тенки парчиња што се лепат на ѕидот од длабока чаша. Чиата се става во чашата и се декорира со слаткото и неколку парчиња свежи смокви.
Мафини со ѓумбир, круша и бело чоколадо
Потребни состојки:
1 шолја брашно
1/2 шолја бадемово млеко
1 лажица путер од бадеми
1/4 шолја јаворов сируп
1 лажичка прашок за печиво
1/4 шолја бело чоколадо во зрна
1 мала круша
1/4 лажичка ѓумбир во прав
Во еден сад се мешаат млекото, путерот од бадеми и јаворовиот сируп. Во друг сад се мешаат брашното, прашокот за печиво и ѓумбирот. И двете смеси се соединуваат, па се додаваат чоколадните зрна и крушата откако ситно ќе се исечка.
Со смесата се полнат калапите за мафини, откако прво ќе се испрскаат со кокосово масло во вид на спреј. Се печат 25 минути на 180 Целзиусови степени.
Најдобар тест за да проверите дали мафините се готови е да ги боцнете во средина со дрвена чепкалка за заби. Доколку излезе сува – готови се.
* Смесата е за шест мафини.
** Одат одлично во комбинација со газиран сок од црвен портокал.