Патувањата како дел од нашиот животен стил во нас будат почит за различни култури, емпатија и ја јакнат нашата глобална свест, односно ни покажуваат дека ние како единки сме дел од една многу поголема слика. Со запознавањето различни средини и системи на верување или, пак, различни начини на живот, се развива почит кон културната различност и во нас се засилува поинклузивен поглед на светот.
Ако овој текст е знак дека треба повеќе да патувате или ако патувањата веќе се значаен дел од вашиот животен стил, тогаш Matercard World Debit, платежната картичка на Халкбанк, е вистинско, премиум решение за вашите плаќања во странство зашто нуди низа бенефити и може да ги исполни целосно вашите очекувања за комфорно патување. Од моментот кога ќе стапнете на аеродром оваа платежна картичка ќе отвори едно сосема ниво на удобност и луксуз. Matercard World Debit картичката е наменета за физички лица со редовни месечни примања кои се приматели на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје.
Оваа картичка се печати на пластика која се рециклира и е со уникатен дизајн, на неа е прикажано движењето на балканскиот рис, кој е национален симбол на државата. Корисникот на ваков вид картичка добива СМС-инфо без надомест, информација за секоја трансакција и состојба на сметка, електронско и мобилно банкарство и истата е без еднократен надомест и без надомест за месечно одржување, како и без надомест за повлекување средства од сите банкомати во земјава. Кога корисникот ќе ја добие оваа картичка, станува дел од програмата Lounge Key, со која добива бесплатен пристап во ВИП-салоните на аеродромите во Скопје, Белград, Виена, Софија и Истанбул, кои се најчесто користени трансфер-аеродроми за поврзување на меѓународните летови. Оваа платежна картичка нуди поволности и за луѓето што патуваат со возило, односно корисниците бесплатно ја добиваат услугата асистенција на пат-пакет Европа од Халк осигурување која е многу значајна за сите оние што патуваат со возило.
Ние поразговаравме со неколку инспиративни соговорници на кои патувањата им се речиси секојдневие, голем значаен дел од нивните животи, и кои зад себе имаат големо искуство, за нивните предизвици и патешествија. Уживајте во нивните раскажувања за егзотични дестинации, разбудете го патникот во вас и редефинирајте ги патувањата со Mastercard World Debit од Халкбанк.
Во едно ваше интервју имате изјавено дека секој што патува за да учи и доживува нови култури и традиции, се враќа променет. Што научивте од вашите досегашни патувања и каква трага оставија тие врз вас?
Нашите патувања дефинитивно нѐ научија една многу важна, навидум позната работа, а тоа е дека животот е многу краток. Запознаваш многу луѓе од различни култури, различни континенти, со различни ставови за животот, од различни професионални профили и постојано разговараш со нив, разменуваш мислења, ставови и сл. Сѐ тоа ти покажува колку е краток животот и ако не го живееш секој ден, секоја секунда како да е последна, многу губиш. Исто така, патувањата ни посочија дека ние двајца имаме една карактеристика, јас и Едит, а мислам дека и Марк, нашиот син ја има, а тоа е љубопитноста, сите сме премногу љубопитни. Сите викаат најважно е да бидеш храбар или набројуваат други важни особини, а јас би рекол многу е важно да си љубопитен зашто тоа те прави да сакаш да видиш повеќе, да бараш повеќе и секако да го живееш целосно животот.
Вие сте семејство што го избра авантуристичкиот начин на живот и сите ваши следбеници имаат можност да уживаат во убавините на местата што ги посетувате. Колку земји посетувате годишно и на кој начин ги одбирате дестинациите?
Немаме цел или точна агенда со бројки за секоја година, но знаеме точно колку држави сме посетиле зашто имаме натпревар со Едит кој ќе посети повеќе држави, јас моментално ја водам, имам една држава повеќе од неа, но многу лесно може да ме стигне. Не планираме колку држави да посетиме, но планираме каде ќе одиме и колку ќе седиме. Односно, планираме дали ќе одиме на планина, на море, колку денови ќе седиме. Сега малку ни е полесно, можеме да посетуваме повеќе градови зашто Марк веќе не е малечок, немаме потреба од количка или велосипед, нему му е многу позабавно, го носиме на различни активности за деца, игралишта и можеме да седиме повеќе денови. На пример, на Марк многу му се допаѓаше Истанбул, Будимпешта ја обожаваме, во Куала Лумпур беше воодушевен зашто има огромни игралишта и многу забавни работи за деца. Дефинитивно како расте нашиот син, нам ни се отвораат нови патувачки хоризонти, ни се збогатува спектарот на можни идни дестинации што ќе ги посетиме.
Откако станавте родители, имате поинаква динамика на патување и веројатно не секогаш сѐ оди по план. Колку е тешко да се приспособат вашите желби за авантура и безбедноста и најдобрите услови за вашето дете?
Искрен да бидам, нашиот живот не се смени премногу откако станавме родители, мислам од аспект на патувања. Отсекогаш знаевме дека и кога ќе имаме дете, ќе продолжиме да патуваме, па затоа Марк од бебе е адаптиран на тој начин на живот, без разлика дали станува збор за кампинг, кенгур и сл. Нему му се секојдневие, на пример, еден ден бевме во Бали, следниот ден во Будимпешта и најважно од сѐ ни кај него ни кај нас нема воопшто од онаа честа патувачка анксиозност, нервоза и паника од која многу луѓе страдаат. Кога беше помал се приспособувавме и избегнувавме да одиме по градови зашто не му беше интересно, особено низ Скандинавија, а и нам ни беше потешко со мало дете да одиме во градски средини. Но сега веќе е уживање, премногу му е интересно каде и да одиме, на сѐ се радува, продавници, сладолед, игралишта детски… Единствено патувањето со дете бара поголема логистика од аспект на храна, пакување и слично, но ние веќе имаме искуство и добра организација.
Што за вас претставува добро, комфорно патување и како се подготвувате?
Комфорно патување за нас е кога зимите ги поминуваме во Азија, каде што одиме 15 години по ред со исклучок на пандемската година. Знаеме сѐ таму, што, каде, како, знаеме менталитет, имаме пријатели, планирам да правиме и тури низ Бали. Кај нас е малку поинаква ситуацијата зашто патувањата ни се секојдневие, јас повеќе се подготвувам кога треба да се вратиме во Скопје. За патување ми треба само мапа, нашиот лабав мајнсет нѐ има направено отворени за сите предизвици и нови искуства.
Вашата љубовна приказна започна со вашето запознавање на Хималаите и оттогаш заедно имате посетено огромен број земји и места. Која дестинација или специфично патување ви остави најубави спомени?
Да, оваа година ни е јубилејна десетта годишнина од запознавање и сакавме да одиме за Непал и Камбоџа, тоа се наши места каде што се враќаме на некој начин постојано и каде што сме поминале многу време. Од премногу патувања има многу убави спомени, на пример, Шкотска ни беше преубаво патување, нашата љубов растеше низ различни земји и секаде нѐ поврзуваат прекрасни спомени. На пример, Сардинија ни остави многу убав впечаток кога бевме пред неколку години. Би било убаво некое од овие значајни, наши патувања да ги повториме со Марк, зашто да не? Ако не сега, можеби за обележување 20 години од нашето запознавање би можеле заедно со Марк да се искачиме на Хималаите.
Која е најголемата лична сатисфакција кога по многу поминати километри ќе стигнете на определена дестинација?
Па, на пример, кога патувавме за Нордкап шест месеци влечевме приколка низ Северна Норвешка, поминавме 18.000 километри со дете од една и пол година. Многу ми беше важно ова патување, лично многу го сакам Норткап и кога стигнавме таму, го имам тоа видео снимено и на Јутјуб, Едит и Марк ме чекаа во приколката, а јас тргнав на еден планинарски подвиг 10 километри во еден правец и назад, до најсеверната точка на Европа. Температурата беше баш скандинавска, а јас по налет на адреналин, не ни осетив како се искачив и кога стигнав, ми потекоа солзи. Многу од моите другари ме задеваа дека сум плачел, но не знаете какви емоции се тоа, прво да поминеш толку километри со приколка, па самата природа беше доста импресивна. Често сум имал наплив на силни емоции по завршување на некоја авантура и на тие моменти ќе се сеќавам секогаш. Моментално најголема сатисфакција ни е кога ќе најдеме добро место за кампување, реално и низ Македонија откривме многу добри места за кампување и имавме преубави моменти.