Dj Magija е проект настанат во Март 2020та година, за време на првиот полициски час. Членуваат Андреја Салпе и Теа Шалдева, инаку артисти со долгогодишен стаж во македонската алтернативна музичка сцена. На изданието се поместени две композиции, ‘2020’ и ‘Sвезда’. Насловната ‘2020’ говори за слатката закоченост на оваа предизвикувачка година, а спотот се користи со снимки од познати ликови од повеќе области на културата самонаправени во карантин. Изданието е под капата на PMG Recordings, а омотот го дизајнираше уметницата Катарина Мрчела. Во спотот учествуваат: Тино Костадиновски (актер), Драгана Костадиновска (актерка), Нела Витошевиќ (режисерка), Ивана Павлаковиќ (актерка), Димитра Цилевска (музичарка), Васко Атанасовски (Bernays Propaganda), Тина Горовска (Bernays Propaganda) и Виктор Ѓондовски.
Дрон снимките од Скопје навечер за време на полицискиот час се изработени од Бојан Спасовски од Skyline Dronography, а монтажер на видеото е Божидар Јовановиќ.