Еден од најголемите композитори на денешницата, Рјуичи Сакамото, почина на 71-годишна возраст, по долго и тешко боледување.
Рјуичи Сакамото е роден на 17 јануари 1952 година во Токио. На тамошниот Универзитет за применета уметност и музика дипломирал на отсекот композиција и етномузикологија. За време на студиите почнал да се занимава со музика.
Сакамото се прослави како основач на бендот, кој ќе влезе во аналите на електронската музика, Yellow Magic Orchestra. Важи за еден од пионерите на електронската музика, а има соработувано со бројни имиња, почнувајќи од Дејвид Силвијан до Јусу Н Дуро.
Тој глумеше во познатиот воен филм од 1983 година „Среќен Божиќ, господине Лоренс“ заедно со Дејвид Боуви и освои Оскар и Греми за неговата партитура за филмот „Последниот император“ од 1987 година.
Големиот композитор починал на 28 март. Сакамото долго време боледувал од рак на ректумот, кој метастазирал на белите дробови.
Во прилог шест албуми и композиции кои ja одбележаа неговата кариера.
YELLOW MAGIC ORCHESTRA (1978)
THOUSAND KNIVES (1978)
SOLID STATE SURVIVOR (1979)
MERRY CHRISTMAS, MR LAWRENCE (1983)
ASYNC (2017)
THE LAST EMPEROR (1987)