Денес, 11 април со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи кореографскиот концерт Dance baby, dance на Жана Панчева.
Dance baby, dance е дело базирано на кореографското истражување, а е фокусирано на релационите потенцијали кои можат да се појават кога луѓето ќе се дојдат заедно и ќе танцуваат.
Делото се гледа и како кореографски концерт со специфични правци и внатрешни правила, каде 6 кинетички/танцувачки тела минуваат низ различни ситуации – флертување, мистерија, транспарентност, нелогичност, раздразливост и останати чувствителни простори.
Концертот е потопен во атмосфера на забава-клуб и е преплавен со современа електронска и поп музика.
Кореографија: Жана Пенчева.
Танчери и соработници: Виолета Витанова, Жана Пенчева, Зорница Стојанова, Александар Георгиев. Даниел Денев и Дарио Барето Дамас.
Музика: Цветан Момчилов.
Костими и сценографија: Ралица Тонева.
Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов.
Видео и Фото: Наталија Сидоренко.
Во продукција на Garage Collective и Жана Пенчева.
Копродукција на ICC (Имагинативен кореографски центар) и ДНК – простор за современ танц и перформанс.