Што ќе јадеме денес? Здрав и вкусен Foodbar оброк подготвен од кујната на Cooking with Branko.
Здравите и свежи производи на Foodbar повторно дел од вкусната кулинарска приказна на нашиот блогер Cooking with Branko. Овој викенд уживањето е во неговата прекрасна градина во Вевчани. Сигури сме дека нема да одолеете на овој оброк и на прекрасната природа. Зелените ливчиња на Foodbar беби спанаќот дел од највкусниот авокадо тост. Едноставен рецепт за максимално задоволство и уживање во овие пролетни и топли денови.
Хранете се здраво и уживајте во рецептите на Foodbar и Cooking with Branko.
Потребни состојки:
- 2 парчиња леб (бел или `ржан по ваш избор)
- 2 јајца
- Коцка путер
- 1 зрело авокадо
- 2 лажички нискокалоричен млечен крем
- Неколку парчиња кашкавал или сирење
- 1 кесичка Foodbar Беби спанаќ
- Сол по вкус
- Малку бибер
Начин на подготовка
Лебот исечете го на тенки парчиња (кришки) и премачкајте го со путер. Ставете го да се потпече на тостер или пак во рерна. На страна во тавче додадете коцка путер и испржете ги јајцата на око.
Во блендер додадете го зрелото авокадо исечено на парчиња. Во него додадете сол, бибер, 2 лажички нискокалоричен млечен крем, Foodbar беби спанаќ и малку вода. Блендирајте додека не добиете хомогена и густа смеса.
Смесата од авокадо премачкајте ја врз потпечените лепчиња со путер. Врз смесата додадете лента кашкавал или сирење, а врз нив додадете го прженото јајце кое поради топлината ќе го стопи кашкавалот и сирењето. Врз јајцето додадете свежи листови Foodbar беби спанаќ.
Декорирајте со цели зрна бибер.
Овој оброк комбинирајте го со чаша свежо цеден сок од портокал или пак смуди од банана и аронија.
Здрави и вкусни залчиња со Foodbar и Cooking with Branko.