Кој музичар имаше најмногу влијание врз развојот на твојот музички стил?
Како инструменталист најмногу влијание и инспирација црпам од пијаното. Би ги издвоил Телониус Монк, Ахмад Џамал и Бил Еванс. Како композитор се восхитувам на Дјук Елингтон и филмските композитори Нино Рота и Енио Мориконе.
Кои актуелни музички трендови ти се допаѓаат најмногу?
Сè што е поврзано со серијалот NPR tiny desk concert. Ми се допаѓа како ја врати неопходноста новите артисти да знаат да звучат добро во живо.
Која е твоја пасија, освен музиката?
Обожавам храна и мислам дека не постои поубав начин да се спојат луѓето. Моето главно хоби е пекарството и обожавам книги на таа тема од кај што „крадам“ рецепти.
Што НЕ би сакал да бидеш?
Не знам. Најважно ми е да го сакам тоа што сум.
Во Скопје најмногу ти фали…
Па сè помалку работи. Мислам дека сакам само да заврши пандемијата.
Каде и како го наоѓаш својот зен?
Сакам физички активности како трчање, пливање, планинарење… Ми се допаѓа чувството на смиреност кога физички ќе се истоштам.
Најдобриот џез изведувач на сите времиња е…
Ерол Гарнер. Препорачувам доколку луѓето не го знаат да го проверат.
Во Музика
Чит чет со Бојан Петков Шамба Автор: Бојана Максимовска Фотограф: Жарко Чулиќ
октомври 21, 2021