На Skopje Fashion Festival кој се одржа во Скопје сити мол од 4 до 6 март, брендот Bobbi Brown, кој е екслузивен бренд достапен во FABUSpot во Скопје сити мол, учествуваше со сопствен шоурум и мејкап подготовка на моделите. На манифестацијата која има цел да го претстави најдоброто од македонската култура, мода, уметност, дизајн и музика преку серија од настани, се претставија 10 познати дизајнери од кај нас и од други земји.
Мејкап артистите Зоран Шурбевски, Калтрина, Маги Медичи и Александар Дадар ги користеа производите на Bobbi Brown за да им дадат совршен мејкап и целосен изглед на моделите.
Погледнете дел од атмосферата позади сцената на Bobbi Brown на Skopje Fаshion Festival.