Бијонсе го собори рекордот за најмногу освоени „Греми“ награди на сите времиња – 32 – откако се закити со четири на синоќешното доделување.
Сепак, таа повторно загуби во престижната категорија албум на годината од британскиот пејач Хари Стајлс за албумот Harry’s Housе.
„Бев многу инспириран од секој уметник во оваа категорија“, рече изненадениот Стајлс при примањето на наградата.
Бијонсе освои четири „Греми“, вклучувајќи и за најдобар денс-електронски албум, (Renaissance) со што бројот се искачи на 32. Рекордот со 31 трофеј претходно го држеше починатиот диригент на класична музика Георг Солти. About Damn Time на Лизо е прогласена за издание на годината, а песна на годината е Just Like That од Бони Рајт.
Џез-пејачката Самара Џој е прогласена за најдобар нов уметник. Раперот Бед Бани се закити со наградата најдобар урбан музички албум за Un Verano Sin Ti. За најдобар рап албум е прогласен Mr. Morale & the Big Steppers од Кендрик Ламар. Кендрик Ламар освои и „Греми“ за најдобра рап песна со The heart part 5. Наградата за Најдобра поп соработка ја добија Сем Смит и Ким Петрас за Unholy.