Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе се реализира во приодот 2023/24 година, КСП Центар-Јадро продолжува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Утре ќе се одржи презентацијата на проектот „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо на 8 февруари, 20 часот во КСП Центар- Јадро
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел беше да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.
Тема на проектот беше новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот беа реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје.
Содржина на настаните штп се реализираа во рамките на проектот:
1. Интерактивен документарен филм кој обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.
Тимот кој го изработи документарниот филм и перформансот:
Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин
Актер: Симона Димковска
Кинематограф: Кристијан Караџовски
Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески
Наратор: Мартин Манев
Гласови: Наталија Теодосиева, Илија Волчески, Јанка Лефкова и Благојчо Стојанов
2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.
3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро.