Три дена откако Бенкси го објави неговиот последен мурал на Инстаграм, нацртан на ѕидот на бомбардирана зграда во градот Бородианка, Украина, анонимниот уличен уметник потврди дека завршил седум нови дела во Украина. Веста ја потврси за The Art Newspaper откако серија мурали со претпоставка дека се негови се појавија во ослободениот украински град, што се наоѓа околу 56 километри северозападно од Киев. Другите дела се наоѓаат во главниот град и други градови во регионот. Првото дело, кое стана вирално за време на викендот, е мурал од женска гимнастичарка која балансира на куп рушевини покрај зграда оштетена од руските напади.
Уметникот објави три слики од делото во петокот на социјалните медиуми со наслов „Borodyanka, Ukraine“ – алтернативно спелување на името на градот. Друго дело претставува мало момче, кое е облечено во облека за боречки вештини со црн појас кое соборува возрасен човек. Овој мурал предизвика асоцијација на социјалните медиуми со сликата на рускиот претседател Владимир Путин, чиј црн појас во карате беше одземен оваа година од страна на Светско теквондо, иако Бенски не искоментира ништо за оваа слика и нејзиното значење.
Другите мурали покажуваат деца кои користат противтенковска одбрана како клацкалка и жена во витлери и гас маска која користи против пожарен апарат.
Откако го потврди авторството на муралот со гимнастичарката, многу Украинци и поддржувачи на земјата му се заблагодарија на уметникот на социјалните медиуми.
Бородианка беше особено нападната од руските воздушни напади во раните денови на инвазијата што доведе до многу разурнати згради и купови рушевини по нападите. Беше дом на 13.000 луѓе пред војната но повеќето се иселија по руската инвазија. Градот беше вратен под украинска контрола на 1 април, но жителите што се вратија ги најдоа своите домови разурнати и опљачкани со скршени прозорци.