Денес во „Излет Кафе“ доаѓа креаторот на Афро-футуризмот и визуелниот репрезент на Детроит техното, единствениот Abdul Qadim Haqq којшто ќе има Live Painting Session. Неговата мисија е да ни ги пренесе пораките на Dr. Blowfin којшто е специјалист за квантна генетика, акватична алхемија, хидро-метафизика, хидро динамични принципи и еден од основачите на Drexciyan Empire.
Музички ќе биде придружуван од Mark Broom, DJ/продуцент којшто е повеќе од 30 години на техно сцената. Со извонреден каталог на продукции и ремикси на најголемите техно дискографски куќи, Марк едноставно е артист кој никогаш не правел компромис со квалитетот на неговиот звук. Овој петок ќе имаме ретка прилика да го чуеме во Скопје во „Излет Кафе“. Не го пропуштајте овој настан!
Вашиот стил се опишува како Афро-футуризам, ќе може ли да ни кажете кој е концептот и филозофијата на овој стил?
Мојот стил го развив уште пред да почне да се користи терминот Афро-футуризам. Но во суштина е за луѓе од африканско потекло во научно-фантастични приказни и фантазија.
Кога и како ја откривте техно музиката и како ја поврзавте со вашата уметност?
Техно музиката ја открив во средно училиште. Електронскиот музичар Моџо пушташе техно на неговото радио шоу околу 1983-84 година.
Неодамна го создадовте графичкиот роман „Книгата на Дрексија“ заедно со јапонскиот аниме писател Даи Сато во соработка со познатиот германски техно клуб „Трезор“. За што се работи во романот?
Се работи за позадинската приказна на „Дрексија“ електро група од Детроит. Започнува кога бремена робинка е фрлена преку брод полн со робови и се породува под вода. По главната приказна се проширува содржината кон други приказни.
Кои се вашите моментални активности и планови за иднината?
Работам на неколку помали стрипови за „Дрексија“ кои треба да излезат летово. Исто така ќе почнам да работам и на „Книгата за Дрексија“ Vol. 3 летово.
Ќе наброите ли 5 омилени Детроит техно песни?
Icon – Rythim is Rythim
Firekeeper – The Martian
Bug in the Bass Bin – Innerzone Orchestra
Knights of the Jaguar – The Aztec Mystic
Analog Assassin – Underground Resistance
Програма за викендов во „Излет“:
Петок – 01.04 -Mark Broom Abdul Qadim Haqq ( Live painting performance ) warm up – Uzun Brothers
Сабота 02.04 – Flooder