Развиена улична мода и брендови од овој вид се одлика на секоја светска метропола, па затоа ни е особено драго што и во Скопјe утре ќе започне со работа нова концептуална продавница COAP, што ќе изобилува со модни парчиња од различни стрит брендови, како и скејтборд опрема.
Оваа креативна приказна ја започнуваат двајца другари, вљубеници во ваквиот вид на облека, Мартин Петровски, дизајнер на брендот „Jiny“ и Драган Стојановски архитект и основач на @manufaktura.
„Идејата за отварањето на ваков вид на концептуална продавница произлезе од тоа што и јас и Гаго, лично ги обожаваме многу од брендовите што ги донесовме и сметавме дека Скопје заслужува една современ скејтшоп, нов простор за дружење, оргазнизирање разни настани и ширење на уличната мода и скејт културата. Во продавницата ќе можат да се најдат парчиња од брендовите: Alltimers, Yardsale_xxx, RAVE, Former, CHRISTIE NYC. Планираме постојано да носиме и нови брендови, COAP и JINY се брендови што ќе бидат постојано застапени, а останатите ќе бидат различни, односно секоја сезона ќе даваме предност на најдобрите парчиња од новите колекции на најразлични брендови.
Името „Come out and play“ (COAP) на некој начин ја објаснува и самата симболика на нашата идеја. Детскиот начин да бидеш слободен, креативен, да се изразиш и да излезеш пред светот онаков каков што си, со сите твои предности и маани е многу добра филозофија на живот. Па така и сите парчиња што можат да се најдат во продавницата се дел од таа приказна, да се биде различен и единствен“, вели Мартин Петровски.
Големото отварање е закажано за утре во 12 часот, ( Дебарца бр.13-1) а може и да ги заследите на нивниот профил @coap и да сте во тек со понудата и случувањата.