Според часовникот, светот има помалку од шест години да ги постигне клучните цели за климатските промени и да се спаси планетата Земја.
Застрашувачки долг часовник се наѕира над иконскиот плоштад Јунион во Њујорк и наскоро ќе почне да отчукува преку загрижувачка пресвртница. Се вика Климатски часовник и одбројува колку време има светот да ги запре климатските промени пред да станат уште полоши. Секој што ги искусува новите температурни промени низ светот знае дека ситуацијата е веќе лоша. Светот ја имаше најжешката недела досега на почетокот на месецот, според прелиминарните податоци со нови рекордни жешки бранови на северната хемисфера. И тоа е само еден од начините на кои климатските промени се движат во нови опасни екстреми.
Денес планетата Земја е за околу 1.1 степен Целзиусив пожешка отколку пред Индустриската револуцијата, благодарение на емисиите на јаглерод диоксид од искористувањето на фосилните горива. Тоа е тоа што ги поттикнува поинтензивните жешки бранови, шумски пожари, бури и растење на нивото на морињата. Затоа светските лидери како дел од Парискиот договор се согласија дека е потребно да се спречи глобалното затоплување. Секоја фракција од степен доаѓа со се поголеми последици.
Климатскиот часовник покажува колку време е останато пред континуираните емисии на јаглерод диоксид да предизвикаат 1.5 степени глобално затоплување, клучен праг за целите да се спречи глобалното затоплување според Парискиот договот. Пред неколку дена, часовникот покажа дека времето останато е под шест години. Со други зборови ако луѓето произведуваат отприлика иста количина на јаглерод диоксид во следните пет години, веќе нема да може да се ограничат климатските промени на 1.5 степени затоплување.
Основачите на Климатскиот часовник одржуваат настани низ пет континетни за да повикаат на предупредување пред истекување на времето, нарекувајќи го Денот на климатски итен случај.
„Најдобриот ден да се преземе акција е вчерашниот. Но ние користиме податоци да создадеме времеплов кој треба да биде омоќувачки за владите и активистите да бараат промена“, вели Бека Ричи глобален менаџер на органзицаијата Климатски часовник која порасна откако часовникот беше поставен во Њујорк.
Часовникот прво почна како артистичка форма на активизам. Треба да претставува симбол слично како Часовникот за крајот на светот, „како метафора за тоа колку е блиску човештвото до само-уништување“. Најпрво требаше да биде поставен само за Њујоршката климатска недела во 2020 година, но оттогаш за постојано го замени 24 часовниот часовник од 1999 како дел од арт инсталацијата наречена Метроном.
Часовникот ги рефлектира податоците од Меркатор Институтот за истражување на глобални и климатски промени (MCC) во Берлин. Не одбројува точно до датумот кога глобалната просечна температура би пораснала над 1.5 степен Целзиусов, туку покажува колку време останува пред луѓето да произведат доволно загадување од јаглерод диоксид со што ви би се предизвикало затоплување од најмално 1.5 степени.
Извор