Употребата на онлајн медиумите имаат големо влијание врз доаѓањето на дигитализацијата речиси во секоја сфера од нашиот живот, создавајќи сосема нови навики. Онлајн шопинг, апликации за транспорт, за нарачување храна, вежбање и многу повеќе станаа дел од нашиот секојдневен живот.
Компанијата Visa го препозна овој тренд и во нашата земја. Со цел на сите да им го олесни пристапот до виртуелниот свет, да обезбеди образование и да овозможи подобро разбирање на терминологијата, Visa го започна проектот „Нови дигитални навики“, чиј дел е лексиконот пред вас.
Ако сте слушнале за клауд и бинџување, но не сте сигурни што значат тие зборови – продолжете да читате.
- Биометрика
Автоматски механизми за идентификација на луѓе врз основа на физички или карактеристики на однесување (преку зениците, отпечатоци од прсти или говор и пишување).
- Бинџување
Гледање повеќе епизоди од серија една по друга на популарни стриминг платформи.
- Дигитален детокс
Пауза од дигиталниот свет. Период во текот на денот кога сите известувања се исклучени и ги држиме уредите подалеку.
- Дамбскролинг
Дериват на поимот скролинг, односно скролање.
Дамбскролинг е непречено движиње низ информациите што одземаат многу време на социјалните мрежи и веб страните.
- Дигитален идентитет
Колекција на информации за поединец, организација или електронски уред што постои онлајн. Вашиот дигитален идентитет ви помага да докажете дека сте тоа што сте кога сакате да пристапите до некои од вашите дигитални услуги.
- Криптовалути
Виртуелни пари како биткоин, етериум и други. Не се потпира на било која централна власт како што е Владата или банка и е ископана на интернет.
- Подкаст
Онлајн емисии кои се достапни на интернет, најчесто во форма на неформален разговор помеѓу водителот и еден или повеќе гости. Препознатлив по неговото подолго траење, се јавува како одговор на пократки и поедноставни медиумски форми.
- Клауд
Виртуелно складиште на податоци. Во овој контекст, за прв пат се споменува во Хјустон 1996 година кога се зборува за миграција на софтвер и кориснички податоци на веб.
- Дигитален номад
Личност која целата своја работа ја работи на интернет и може да работи од каде било во светот. Пред короната и забрзаната дигитализација, тие беа претежно блогери, јутјубери и автори, а денес дигиталните номади се вработени во речиси сите индустрии и работни места.
- Маркетплејс
Виртуелен пазар каде поединци или бизниси купуваат или продаваат стоки (нови или користени) и услуги.