Летото не е завршено, не ве разочаруваме. Но, распродажбите за крајот на сезоната веќе завршија, а есенските трендови се веќе тука и ја најавуваат замената на костимите за капење со лесни јакни. Иако, патиките најчесто не се сезонски, како останатата облека и додатоци, тоа не значи дека нема да добијат освежување. На крајот на краиштата, нова сезона е одличен изговор за купување на нови патики. Ви издвоивме 5 трендови на патики за оваа есен кои веруваме дека ќе сакате да ги носите, иако некои од нив веројатно ги имате од претходните сезони, па можеби ќе посакате да ги имате во уште една боја
1.Ретро патики за трчање
Adidas Samba, се вратија со став дека се тука за да останат. Но, оваа сезона им се придружува уште еден ретро модел, патиките на Форест Гамп – Nike Cortez. Овие два класични модели, освен што се удобни, може да се најдат во многу различни бои и се одлични за секакви комбинации.
2.Chunky Dad Sneakers
Без знаци дека ќе се тргнат од сцената, Chunky Dad Sneakers продолжуваат да излегуваат во нови бои и комбинации, достапни кај голем број брендиви како New Balance, Asics, Nike, Fila и други. Модерни и удобни, даваат ретро вајб и се особено погодени за секојдневно носење. Доколку веќе ги имате од некоја од претходните сезони, на наше големо задоволство, остануваат актуелни без некои поголеми измени.
3.Патиките на платформа
За ефект на ,,повисоки” без жртвување на стилот, патиките со платформа се задолжителни и оваа сезона и ги имаат речиси сите брендови како Converse, Nike, Adidas, Asics.
4.Минималистички патики
За едноставен, чист изглед, минималистичките патики остануваат популарен избор. Брендовите како Veja, Common Projects нудат едноставни и елегантни дизајни кои се совршени за секојдневно носење, a тука се и моделите Stan Smith и Superstar na Adidas.
5.Спортски патики
Спортските патики одамна не се само за спортување. Брендовите што некогаш произведуваа патики само за трчање и планинарење, денеска се на листата на омилените брендови за патики за секојдневно носење. Solomon, Columbia, North Face, Asics и оваа есен со удобни и модерни модели со безброј можности за комбинации.