Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси. Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот.
Кога спортот ги спојува најдобрите другари, темите на разговор се неисцрпни. Во оваа епизода од ,,На прошетка со Роса вода”, наши соговорници се фудбалерот Христијан Вецевски и фитнес тренерот и ски инструктор Виктор Шубески, кои се пример за водење на активен живот исполнет со спорт и спортски активности.
Видео: Александрар Велковски