Развојот на технологијата во последнава деценија го промени начинот на кој светот функционира. Брзиот развој донесе многу промени и иновации поради кои е тешко да се сетиме каков беше животот пред нив.
Share on facebookShare on linkedin
Со текот на времето, смарт телефоните, таблети и социјалните мрежи како Facebook, Twitter станаа дел од нашето секојдневие.
Но, една од најважните работи кои развојот на технологијата придонесе е начинот на кој комуницираме помеѓу себе.
Еве 5 начини како социјалните мрежи го променија нашиот живот:
1. Потреба за постојано споделување на социјални платформи
Социјалните мрежи веќе долго време се присутни во нашите животи, а нивната популарност е сè поголема. Широката распространетост и достапност на smart телефоните ја зголемува и зависноста од нив.
Имајќи го предвид фактот дека луѓето се социјални суштества, не е ниту изненадување зошто социјалните платформи се толку популарни.
Потребата за постојана интеракција создаде тренд на постојано објавување на случувањата од нашиот живот 24/7.
Многумина од нас постојано ги споделуваат своите активности, а потребата да објавуваме каде и со кого патуваме стана дел од нашето секојдневие.
2. Лесен пристап кон нови искуства и настани низ целиот свет
Социјалните платформи ги срушија бариерите кога станува збор за виртуелно присуство на настани и локации низ целиот свет. За помалку од 5 клика, сега имаме можност да ‘’искусиме’’ нова локација или култура.
Кога станува збор за планирање на долго патување и локација која би сакале да ја посетиме, Instagram и останатите социјални мрежи станаа важен фактор при носењето на одлука.
3. Персонализаиран начин на комуникација
Една од работите со кои социјалните мрежи ја променија комуникацијата помеѓу нас е можноста за персонализиран начин на интеракција.
Социјалните мрежи Instagram и Snapchat создадоа тренд од персонализирани пораки, давајќи можност на корисниците да користат филтери, да цртаат пораки – односно слобода за да ја изразат својата креативност во комуникацијата.
Што се однесува до брендовите, персонализираниот начин на комуникација им овозможи да бидат поблиску до своите корисници. Customer feedback на социјалните мрежи им овозможува на брендовите да ги подобрат услугите за своите корисници.
4. Брз пристап до новости и информации
Можеби малкумина се сеќаваат на времето кога единствен начин да ги дознаеме новостите беше ТВ програмата која имавме можност да ја гледаме само во одредеден термин, или, пак дневниот весник кој беше достапен во утринските часови.
Со еволуција на технологијата и социјалните мрежи, пристапот до информации е лесен и достапен во секој момент. Корисниците со еден клик може да дојдат до информации од целиот свет.
Воедно, многу организации успеаа да ја зголемат свесноста за многу проблеми кои нé засегаат сите како општество, користејќи ги социјалните мрежи како канал за комуникација.
5. Споделување online моменти од нашиот живот
Социјалните мрежи заедно со други апликации кои овозможуваат видео пренос, создадоа можност да бидеме поблиску со луѓето кои ни се драги, а се далеку од нас. Споделување на важни настани од нашиот живот или пренос на концерт во кој уживаме стана дел од нашето секојдневие, благодарејќи на нив.
Со споделување на live моменти во одредени случувања во светот луѓето стануваат свесни за одредени проблеми кои досега им биле непознати.
Социјалните платформи дефинитивно направија револоција во секој аспект во нашите животи. Тие го променија начинот на кој патуваме, нè инспирираат секојдневно и ни отвараат нови можности. Facebook, Instagram и останатите социјални мрежи во целост го променија начинот на којшто комуницираме, живееме и доживуваме искуства.
За да дознаете повеќе како социјалните платформи го променија начинот на којшто комуницираме – https://hello.softonic.com/5-ways-social-media-has-changed-how-we-communicate/