Познатата дебар маалска пицерија „Mamma Italiana “ неодамна прослави би преубав јубилеј, 10 години највкусна пица, десет години најбрза достава и десет години врвен квалитет. По тој повод славенците организираа прекрасна журка со пица и коктели, во „Котур кафе и филм“, на која љубителите на пица, можеа да уживаат во добра музика (Бојан Јанев DJ Soul Case), вкусна роденденска пица и авторски коктели направени од Kepkee.
-„Јас и мојата сопруга по завршувањето на Технолошкиот факултет, одлучивме да се пробаме во приватниот сектор и заедно да ја отвориме нашата прва пицерија. Од старт знаевме дека најважно ни е да користиме многу квалитетни состојки, никогаш да не импровизираме со ништо, пиците да бидат печени на дрва. Рецептот е автентичен, италијански, а сите вкусови се резултат на сериозни истражувања кои низ годините ги превземавме. Постојано бевме во потрага по најдобрите кашкавали, по најдобрите комбинации на вкусови за да дојдеме до сегашното мени. 90% од состојките што ги користевме пред десет години, ги користиме и сега. Останатите 10% или ги нема веќе на пазарот или сме им нашле подобра варијанта. Кога ќе се свртам позади себе и размислам што беше пресудно за успехот во овие десет години, можам да кажжам дека само со квалитет и многу напорна работа може да се задржиш на овој пазар. Светската криза сите не затече и влијаеше на нашето секојдневие, но јас искрено се надевам дека во следниот период ќе се прошириме и со нови продажни места. “- ни раскажа Благоја Локвенец, сопственик на Mamma Italiana.
Портрет им го честита овој голем јубилеј со еден fun fact за да го имате на ум секогаш кога ќе сте гладни:-Потребно е една минута да се направи една пица во Mamma Italiana, 40 секунди да се испече, така што за околу 2 минути имате готов оброк кој може да се упати кон вашиот дом.