Фотографот Том Вуд нè носи на патување назад во времето. По многу години фотографирање на работничката класа во Ливерпул и неговите жители, реши да направи изложба. Многу фотографи кои работеле во овој период живееле за време на индустрискиот прогрес, па преокупацијата на Вуд биле обичните луѓе и нивниот стил на облекување како на пример оние кои си одат дома после бурна ноќ од дискотека или оние што го користат јавниот превоз.
Најновата изложба на фотографот , моментално е изложена во галеријата Open Eye во Ливерпул и е интимна документација за оние со кои се сретнал во текот на 25 години во градот во кој живеел. За време на овој период, Вуд ги искористил своите филмови за да фотографира внимателно одбрани кадри од општеството. Резултатот е илјадници ролни филмови, и десетици илјади фотографии, од кои над 90 сега се изложени пред јавноста.
Фото-серија искрени снимки на патници, семејства, пријатели од различни генерации, што секојдневно патувале низ реката, од едниот брег до другиот брег, помеѓу 1978 и 2002 година. Овој проект му овозможил да ја документира довербата на младоста, моментите на чекање автобус, интеракциите помеѓу членовите на семејството од различни генерации и секако, распаѓањето на едно општество кое можеби денеска повеќе не постои. Во време кога социо-документарецот преку фотографијата не се сметаше за норма, фотографиите предводени од личноста на Вуд значително се разликуваа од оние на неговите современици.
Неговите искрени фотографии ја забележуваат и документираат промената во модата од времето па сè до денес. Тинејџери кои спортуваат во пастелни јакни и тренерки, момчиња во облека од спортски брендови и постојано менување на фризури, овие фотографии документираат генерациски разлики и социјален статус. Но, ова не се воајерски слики туку прослава на местото што тој го нарекува дом. Изложба за односите со периодичните луѓе и местата во нашите секојдневни животи. Се работи за блискости изградени за време на патување низ градот и неговите зони.