Иако музичката индустрија е поделена на пред и по пандемијата со тоа што се драстично се променија условите за создавање музика, сепак последниве шест месеци излегоа неколку албуми, кои можеби и не ги забележавте но сепак вредат да ги слушнете и да бидат дел од вашата музичка колекција.
Georgia – Seeking Thrills
Уште во 2019 година, лондонската поп магионичарка Georgia излезе со песната „About Work The Dancefloor“. Девет месеци подоцна излезе албумот од кој потекнува песната, баш во момент кога британската поп музика се чинеше изгубена и несигурна. Инвентивен и генијален.
070 Shake – Modus Vivendi
Дебитантниот албум на раперката излезе на почетокот на јануари, а таа избега од тешките традиции на хип-хопот и изгради свој свет кој е разновиден и променлив.
J Hus – Big Conspiracy
Албумот е наречен дефинирачки за неговата кариера, преку маестралното прикажување на британската афро-американска култура, а во јануари беше на првото место во Британија.
Ryan Beatty – Dreaming of David
Сензитивен, оригинален и ослободувачки e вториот албум на Ryan Beatty, момчето од Калифорнија кој со овој албум избега од поп машината на Бибер-попот од првиот албум.
Grimes – Miss Anthropocene
Електронскиот поп-албум на Grimes, за кој критичарите велат дека е еден од најдобри, докажува дека се што доаѓа е истовремено непредвидливо и импресивно.
Christine and the Queens – La Vita Nuova
Вистинско истражување на љубовта и сексот и сè што доаѓа помеѓу. Француската пејачка соработува со Christina Polachek, ја објаснува својата тага во „People I’ve Been Sad“ и ја опишува фигуративната дистанца во „Mountains(we met)“.
Cоnan Gray – Kid Krow
Колекција на поп песни на момчето кое е длабоко навлезено во своите чувства и е гордо на тоа. Мажите во поп музиката ретко прават вакви песни, а Conan Gray е прекрасен исклучок.
Yves Tumor – Heaven to a Tortured Mind
12 песни кои се движат помеѓу панк рок, преку фанк и соул. Бестрашен, ова е мултижанровски албум кои воедно збунува и ослободува.
Laura Marling – Song For Our Daughter
Еден од ретките албуми кој излезе за време на пандемијата и го докажа местото на Laura Marling како кралица на британската фолк музика. Одличен текстописец, таа му пее песни на своето имагинарно дете за иднината, која е непредвидлива и застрашувачка.
Rina Sawayama – Sawayama
Храбра посвета на старите поп звуци помешано со неоткриените можност на иднината. Sawayama ги открива нејзините јапонски корени и токсичната машкост и создава хаос во индустрија на која очајно и е потребно нејзиното присуство.
Perfume Genius – Set My Heart On Fire Immediately
Perfume Genius е мастер за артикулирање на нијансите на квир телата и врските, а албумот е брилијантен и остар исто како и името.
Carly Rae Jepsen – Dedicated: Side B
Поп ѕвездата која има доминатна геј фанбаза, извади нов материјал што содржи некои од најдобрите песни кои ги има напишано.
Chloe x Halle – Ungodly Hour
Излегувањето на Ungodly Hour го претставува растењето во жени на Chloe и Halle Bailey. Продуциран од Beyoncé, колекцијата на песни е хармонија од R&B ритам кој дефинитивно не треба да се пропушти годинава.
Phoebe Bridgers – Punisher
Вториот албум на Phoebe Bridgers е емотивно ремек дело на тоа како е да се постои во модерното време, совршена контрадикција. Ако апокалипсата е на повидок, тогаш добро е што ги имаме овие песни да не утешат периодов.
Arca – KiCk i
KiCk I e славење на полот на венецуелската продуцентка, забавно настроен со традиционалниот багаж на квир постоењето прикажано и реформирано во нешто големо, забавно и убаво.
Jessie Ware – What’s Your Pleasure?
Aко 2020 е годината на враќање на поп звуците од минатото, преку сексуалната ера на клуб музиката, тогаш овој албум е на врвот на листата.