Неговото уметничко име е Kødar Neuman и смета дека е магично кога не се користи сопственото име за уметнички проекти. Дипломиран социолог кој ја сака непредвидливоста и надреалноста.
„Со фотографија почнав да се занимавам случајно. Прво работев само црна-бела фотографија три-четири години, (@darkwhiterism), е мојот прв фотографски проект. Потоа се роди Project.06. Не се шетам никогаш со камерата во раце, тоа им го оставам на аматерите, сметам дека камерата не те прави уметник., те прави само уште еден нов фото аматер. Обожувам гледање серии додека мигрената во глава не се скара со мониторот. Не се смеам на вицови и театарски претстави но затоа без музика не можам да живеам“, вели за себе Neuman.
За фотографирање се заинтересирав… 2011/12 – рани почетоци. Бев колекционер на минијатури од пластика во тоа време. Ги фотографирав под ламба бидејки вештачка светлина ме инспирираше, се создаваа чудни сенки околу минијатурите. Ништо не беше планирано.
Инспирација за фотки добивам од… од втори спрат. Таму е мојата лабораторија за идеи, во големиот бакарен котел постојано клокоти таа волшебна смеса/инспирација. Лесно е кога го имаш рецептот, го регулираш само оганот и времетраењето.
Фотографијата има моќ да… да растури нечиј брак. Фотографијата има моќ да ти направи раздор внатре во себе, да те зароби во мисли, да ти предизвика силни емоции но и да направи да се почувствуваш непријатно. Поседува многу моќи таа гранка од уметноста.
Фотографи кои редовно ги следам и ја почитувам нивната работа… Редовно следам музички продукции, не следам фотографи но вечно ќе ја почитувам работата на Josef Koudelka и Arthur Fellig.
Преку портретната фотографија се изразувам најдобро бидејќи.. бидејки останатиот дел од фотографија ми стана досаден. Низ годините пронајдов живост во каналот помеѓу објективот и живиот модел. Таквата релација создава непредвидени ситуации кои сами по себе бараат начин за справување. Ми се допаѓа играта без правила.
Социјалните мрежи се соодветно место за промовирање на младите фотографи… Да, такво е актуелното постоење. За да дојдеш до вниманието на гледачот, мораш да се исправиш во неговиот видик.
Проект/фотограф со кој би сакал да работам е… Да беше жив Arthur Fellig несомнено би работел со него.
Prøject. 06 значи… Го имав целиот концепт во глава но немав име. Ги броев проектите што сум ги работел до тогаш и избројав 5. Сонував како се логирам на Instagram со username проектот 6, се разбудив и го направив профилот.
Искуството низ годините ме научи… ме научи дека немам потреба од претходно напишано сценарио за фотосесија бидејќи на терен секогаш се појавува нешто неочекувано.
Работата во повеќе европски градови ми донесе… Посебно искуство но и европски социјален капитал. Луѓето на кои што им правиш убави фотографии, сакаат да те имаат во близина зарем не? Ми се отворија нови можности но се затворија границите. Се надевам ќе заврши моменталната ситуација и ќе продожи приказната.
За еден фотограф најдобро да се изрази себеси е важно… да знае дека камерата не го прави уметник, тоа е само конзумеријалистички производ. За да се изразиш себеси е важно да се познаваш, но и да имаш познавање од тоа што го направиле другите пред тебе. Во време кога уникат не постои, потруди се да ја зовриеш водата автентично.
Сега работам на… работам на мојот нов музички проект (www.soundcloud.com/kodarneumann). Подготвувам амбиент издание и dj сет за frekvencii.org. На поле фотографија, во исчекување на слободно време и мирни облаци.