Нови филмови од Мартин Скорсезе, Вес Андерсон, Грета Гервиг и останати познати режисери и режисерки се само дел од тоа што нè очекува годинава на стриминг платформите и во кино салите. Освен Вавилон, Фабелманови, Чувари на Галаксијата, новиот Спајдермен и Супер Марио ви даваме предлози и за други 15 филмови што ќе ја одбележат годинава.
Човекот наречен Ото (A Man Called Otto)
Римејк од шведскиот филм Човекот наречен Уве, со Том Хенкс во главна улога како човек што по смртта на жена му не наоѓа причина да продолжи со животот. По неколку неуспешни обиди да си го одземе животот кои се спречени на комични начини, ново пријателство е на повидок.
Алкарас (Alcarràs)
Филмот сместен во Алкарас, Каталонија од шпанската режисерка Карла Симон ја освои Златната мечка на минатогодишниот фестивал во Берлин. Дејството се одвива во агрикултурна заедница кога животот на едно семејство кое одгледува праски се менува кога газдрата на имотот умира и неговиот наследник сака да го продаде.
Тил (Till)
Даниеле Дедвајлер глуми во историската драма од Чиноје Чикву. Таа ја глуми Мами Тил, афроамериканка која ќе стане активистка за човекови права во 1955 година кога нејзиниот 14 годишен син Емет ќе биде брутално убиен од расисти, наводно поради тоа што разговарал со бела девојка.
Империја на светлината (Empire of Light)
Оливиа Колман глуми во овој филм од раните осумдесетти години, како Хилари, депресивна менаџерка на кино во приморски град, која има страстна афера со новиот продавач на карти, црн човек кој го глуми Мајкл Ворд.
Тар (Tár)
Кејт Бланшет е диригент на познат германски оркестар и таа бара многу, страствена е и брилијантна. Гласините за афери и експлоатација го следат филмот и нејзината умствена состојба додека таа оди кон креативно издигнување или пропаст.
Сета убавина и крвопролевање (All the Beauty and Bloodshed)
Фамилијата Саклер е голема американска фрамцевтска династија која направила огромно богатство од зависничкиот опиоид Оксиконтин и ги замаскирала парите преку донирање илјадиници долари во галерии. Овој документарец е за фотографот Нан Голдин кој станал зависник и потоа водел кампања против Саклерови за да преземат одговорност.
Китот (The Whale)
Брендан Фрејзер доби неверојтни аплаузи низ сите фестивали во светот како и награди за неговата улога како наставник по англиски со екстремна обезност и депресија кој држи часови на Зум со исклучена камера.
Сент Омер (Saint Omer)
Писателка од Сенегеал е присутна на судење во Франција на жена од Сенегал која е обвинета дека го убила своето 15 месечно дете. Таа планира да напише текст вртејќи го околу митот на Медеја но наскоро сфаќа дека нејзината поврзаност со обвинетата е подлабока отколку што мисли.
Жените зборуваат (Women Talking)
Филмска екипа која ги сочинува Руни Мара, Клер Фој и Џеси Бакли глумат во тешката драма базирана на искуствата од #MeToo за изолирана религиска заедница во Боливија каде жените биле постојано дрогирани и силувани, а вистината ја дознале зборувајќи меѓу себе.
Блу Џин (Blue Jean)
Филм за хомофобијата во Британија за време на владеењето на Маргарет Тачер, во која Рози Мек Евен глуми геј учителка која ја крие својата сексуалност поради страв од предрасуди, малтретирање па дури и отказ. Но еден ученик ќе ја предизвика да го премисли својот став.
Опенхајмер (Oppenheimer)
Килиан Марфи го глуми американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер, мозокот позади американскиот проект Менхетен и создавањето на нуклеарното оружје, во филм од Кристофер Нолан.
Барби (Barbie)
Марго Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен во долгоочекуваниот филм на Грета Гервиг, кој уште од првото појавување на социјалните мрежи стана главна тема на зборување.
Вечната ќерка (Eternal Daughter)
Приказна за духови од Јоана Хог чија цел не е да ве исплаши – мистерија со близнаци која ја отсликува енигмата на двојните животи на родителите. Тилда Свинтон е во двојна улога како режисерка која ја носи својата мајка во хотел за нејзиниот роденден.
Убијците на цветната месечина (Killers Of The Flower Moon)
Новиот филм од Скорсезе е трилер базиран на вистинска приказна за тоа како ФБИ во дваесеттите години ги истражувала убиствата на индијанските народи од племето Осаџ во Оклахома. Во главните улоги се Роберт Де Ниро, Леонардо Ди Каприо и Џеси Племонс
Град на астероиди (Asteroid City)
Новиот филм на Вес Андерсон е за астрономска конвенција за тинејџери сместена во измислен град во пустина во педесетите каде почнува да се случува нешто мистериозно и чудно. Филмот е снимен во шпанско студио пред две години за време на рестрикциите за Ковид 19 со Марго Роби, Том Хенкс, Скарлет Јохансон, Тилда Свинтон и многу други.