Цветни ароми, мирис на дрво, ориентални зачини, лесни цитрусни ноти, се најчестите состојки на најпознатите парфеми. Иако за вкусови не се разговара, сепак се покажало дека парфемите чија основа се неутрални земјини состојки, најчесто ги привлекуваат земјените знаци (девица, бик и јарец), мирисот на вода, море и лесни летни ноти, ги привлекуваат водните знаци (рак, шкорпија и близнаци), огнените знаци сакаат парфеми од појаки и повпечатливи состојки, а воздушните најчесто бираат цветни ноти и ароми. Токму поради тоа направивме наш предлог на парфеми за секој хороскопски знак, кои можете да ги најдете во онлајн парфимеријата на Еликсир, на приложените линкови.
ОВЕН
Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба. Како огнен знак вие сакате да одговарате на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Најголемата ваша слабост е што многу често се откажувате пред самиот крај, особено кога сте избрзале и не сте размислиле пред да започнете.
За неа: Yves Saint Laurent Libre Le Parfum
Libre Le Parfum е луксузна, топла и зачинета интерпретација на класичниот Libre парфем, со бесконечна цветна трага. Овој женски мирис е смел и долготраен флорален парфем, збогатен со свежа лаванда, цвет од портокал и реткиот топол шафран од Ourika Community Garden, градината на Yves Saint Laurent. Libre Le Parfum е најконцентрираниот и најдолготрајниот женски парфем од Libre колекцијата. Тој претставува олфактивен почит кон зачинетите “fleurs de feu” (огнени цветови) обожавани од самиот господин Saint Laurent. Нотите на шафран креаираат мирисна мешавина, зголемувајќи ја температурата со зачинет пресврт на култниот Libre мирис, оставајќи сензуална трага која не може да помине незабележано.
За него: Boss Bottled Parfum
Да бидеш сам свој BOSS, значи и да живееш така. Да бидеш маж кој верува на своите инстинкти. Тој не чека работите да се случат сами од себе, туку прави работите да се случат. Да преземеш контрола врз својот живот затоа што знаеш дека најдобрите работи му се случуваат на оној кој дејствува. Таа сила и издвојување, доаѓаат од тоа вистински да се познаваш себеси. Неговата софистицираност е впечатлива, неговата топлина – инспиративна. Boss Bottled Parfum го рефлектира неговиот моќен став, длабок дрвенесто-килибарски мирис со благородна срцевина од орис и ноти на корен од смоква дрво. Богат и текстуриран парфем за мажи, дрвенестиот зелен мирис се отвора со ноти на мандарина и зачинети интензивни масла. Ја открива неговата длабочина и моќ со неговата срцевина од орис и ноти на корен од смоква дрво, кое ја изразува неговата моќна харизма. Дрвенестите ноти на кедрово дрво во основата и нотите на кожа од растително потекло додаваат топлина на потписот, долготрајна интензивност и моќ.
БИК
Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто – сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат. Функционирате со две брзини – или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта. Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа.
За неа: Giorgio Armani My Way Le Parfum
Овој женствен мирис се отвора со свежи, цитрусни ноти на масло од бергамот од Калабрија, стопувајќи се со екстракт од цвет од горчлив портокал од Египет. Новата интензивна срцевина на мирисот настанува како контраст од кремастите кадифести ноти на апсолут од срцевина на тубероза од Индија и величествената свежина на ирис Pallida од Франција. Ванилата и дрвенестата основа се појачани со сензуални кремасти ноти на кедрово дрво од САД и прекрасна инфузија од бурбон ванила од Мадагаскар, кои се дополнително збогатени со бел мошус.
За него: Boss Bottled Pacific Eau de toilette
Топла сина вода, пастелни зајдисонца и златен песок се мелем за BOSS мажот додека ужива во секој момент од неговата добро заслужена пауза. Освежителна и пријатна, BOSS Bottled Pacific тоалетната вода за мажи е покана да нурнеш во летото. Збогатен со кокос, лимон и сол, мирисот на оваа тоалетна вода додава свежа експлозија од енергија на BOSS Bottled фамилијата. BOSS Bottled Pacific е ароматичен, дрвенест и софистициран мирис со освежувачка арома инспирирана од чистите сини води и опуштените вибрации на плажа. Доза лимон и пенлива есенција од кедар го претставуваат долготрајниот мирис пред да нѐ однесат во нотите на кокос во срцевината, каде солени ноти и доза есенција чемпрес додаваат освежителна и оживувачка страна. Во основата на оваа тоалетна вода за мажи, дрвенестите траги од кашмир, пачули од Индонезија и сандалово дрво се потсетник за топлината на сонцето на кожата. Евоцирајќи го ветувањето за водени авантури, како и моментот кога треба да здивнеш и да се опуштиш под сенките на палмините дрва, овој мирис е мирис на незаборавно лето.
БЛИЗНАЦИ
Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информации и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани. Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи.
За неа: Viktor & Rolf Flowerbomb Midnight Eau de parfum
Откриј го Flowerbomb Midnight, новиот мистериозен мирис од колекцијата Flowerbomb на Viktor&Rolf. Магична и волшебна, цветна и сензуална, блескава и интимна, овој парфем за жени ја привлекува енергијата и можностите што ги носи ноќта, моментот на трансформација каде жените можат да дозволат нивната сензуалност да експлодира. Бомба дизајнирана околу јасмин, растение кое цвета навечер наречен „кралица на ноќта“. Мистериозен цвет кој цвета и го открива својот волшебен мирис само кога ќе падне ноќта. Горните ноти се составени од црна рибизла и калинка. Средните ноти ни ги откриваат мирисите на јасмин и божур, додека основните ноти ги надополнуваат мирисите со мошус и ванила.
За него: Prada Luna Rossa Black Eau de parfum
Prada Black, првата парфемска вода во Prada Luna Rossa фамилијата, е добиена од приказната за урбаното откривање, од чувството на возбудливост кога откриваш нешто ново во секојдневното опкружување. Инспирацијата за мирисот може да се опише како моментот помеѓу работа и забава. Моментот кога си задоволен и кога зафатената работна недела е официјално готова и кога градот полека оживува. Како живописен центар полн со можности и опасности, слатки детали “бдеат“ над дрвенестиот килибар за хипнотизирачки, речиси дезориентирачки ефект. Енергичното отварање го носат нотите на бергамот и анџелика, додека во срцевината на мирисот се појавуваат ноти на пачули и кумарин, кои водат до самата основа на мирисот. Оној кој го носи Prada Black е опишан како привлечен, трагач по софистицираност во секоја ситуација, без разлика колку и да се случајни намерите.
РАК
Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста. Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.
За неа: Gucci Flora Gorgeous Jasmine Eau de parfum
Влези во нова димензија на неограничена слобода со Gucci Flora Gorgeous Jasmine Eau de Parfum. Експлодирајќи со сензуален Grandiflorum јасмин, овој е вториот мирис кој се придружува на веселиот свет на #FloraFantasy. Неговата енергија на внатрешна радост е дополнително засилена со издолженото тиркизно шише, додека препознатливиот и посебен Flora мотив на модната куќа, го украсува дизајнот и му дава доза магичност. Повторно претставена од исклучителната пејачка и текстописец Miley Cyrus, последната #FloraFantasy кампања продолжува во светла спална соба, додека сцените обоени во пастелни нијанси го креираат надреалниот дух на филмот и го вовлекуваат гледачот во аниме сон.
За него: Valentino Born In Roma Uomo Eau de toilette
Создаден од спој на листови од темјанушка и ветивер, класичен се до моментот на внесување на минерални ноти во него. Спечифичен ѓумбир, минерални соли и дрвенести ноти се дел од мирисот. Овие софистицирани и модерни ноти се инспирирани од самиот град Рим: градот кој изобилува со елеганција испреплетена со модерност, град каде класиката се величи преку екстремниот и вибрантниот животен стил. Деликатна суптилна а сепак незаборавна хемија која е преточена во прекрасно шишенце. Шишенцето е дизајнирано со иконските Valentino нитни, инспирирани од римската архитектура која е заштитен знак на Valentino Couture.
ЛАВ
Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Покрај тоа што сте егоцентрични вие сте родени лидери и поседувате силен личен магнетизам. Вашата способност да раководите секогаш ви гарантира успех. Вие се стремите кон власт многу повеќе од другите знаци и тоа ве прави егоисти, а понекогаш дури и смешни во очите на другите. Вистината е дека вие имате огромно срце и сте најдобродушниот знак во хороскопот. Секогаш сте покрај луѓето кои ги сакате за да им помогнете, да ги разгалите или за да ги заштитите. Во љубовната врска се стремите да блескате. Романтични сте и давате се од себе кога сте ценети од партнерот и кога постојано вниманието е насочено кон вас. Вие сте секогаш среќни кога ви се обрнува внимание. Запомнете дека луѓето ја искажуваат својата љубов на различни начини и никој не може да го направи тоа како вас. Вашите цели секогаш се тешки за постигање. Огромната енергија, која што треба да ја вложите е неразбирлива за другите.
За неа: Gucci Bloom Eau de parfum Intense
Ноќно маѓепсување за будење на магијата на твоето внатрешно јас. Овој Gucci мирис ја опфаќа во едно шише женствената сила на креативноста, откривајќи ја најфасцинантната дестилација во Gucci Bloom градината досега. Неговиот инспириран мирис ја интензивира Gucci Bloom флоралната мешавина од бели цветови со дополнителна сензуалност, што го прави парфемот погоден за секоја пригода. Композицијата ја отвора блескава горна нота на апсолут од цвет од портокал, додека неговата флорална срцевина од јасмин самбак и тубероза, се развива до Lady of the Night, цвет кој цвета навечер и кој го повишува богатиот букет. Приземјен со тонови на есенција пачули и акорд на кристален мошус, есенцијата на овој Gucci мирис буди длабока перцепција и оддекнува со сензуален мирис, прекрасен мирис кој со сигурност ќе привлече голем број комплименти.
За него: Gucci Guilty Eau de parfum
Славењето на слободата во приказната #ForeverGuilty продолжува со Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum. Сугестивен и неочекуван, новиот Gucci Guilty е дрвенесто-ароматичен пикантен мирис, кој е создаден да предизвикува. Модерна верзија на две култни состојки популарни во 70-тите години, свежата роза и чили пиперчето ги заменуваат оригиналните горни ноти на розов бибер и италијански лимон од оригиналниот Gucci Guilty Pour Homme, со цел да создадат неочекувана и освежителна ретро вибрација. Топлата пикантност на црвеното пиперче, контрастирана со ароматична свежина, доза киселост и малку соленост, создаваат неочекувана сензација. Со додавање на поголема доза интензивност со екстракт од цвет од портокал, неролија и француска лавада, срцевината еволвира во посилна, помажествена изјава. Раскошот и сензуалноста во основата, се должат на нотите на пачули и кедрово дрво. Вметнато во тешко стакло, целосно обоено во црна боја со мат ефект, моќта на шишето на Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum ја рефлектира интензивноста на новиот џус кој се наоѓа внатре. Високо и тенко, шишето е спакувано во црна кутија, акцентирана со препознатливото лого на модната куќа, двете испреплетени G букви во сребрена боја.
ДЕВИЦА
Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка. Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите. Одморете го малку вашиот ум решавајќи крстозбор, пишејќи приказна или подредувајќи го вашето биро. Вие сте перфектен и прецизен работник, организирани сте и подредени. Поради вашиот перфекционизам, секогаш ги гледате грешките и недостатоците кај другите и понекогаш премногу ги критикувате вашите пријатели. Но, за сметка на тоа секогаш сте покрај нив кога имаат потреба од помош и никогаш не им велите „не“ кога им треба вашата услуга. Секогаш внимателно ги слушате другите додека зборуваат и како резултат на тоа, секогаш им ги давате најдобрите совети. Вие сте од оние луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, но никогаш не прифаќаат помош од нив. Оставете ги вашите пријатели да ви помогнат и да ве поддржат во тоа што го правите.
За неа: Marc Jacobs Perfect Eau de toilette
Возбудлив и радосен. Остани лојална на себеси. Тоа е пораката зад јасниот цветен мирис на Marc Jacobs, кој ја дополнува колекцијата со тоалетната вода Perfect. Како Perfect Eau de Parfum и Perfect Intense, овој цветен и сјаен мирис на Marc Jacobs ја слави моќта да се биде верен на себе. Збогатен со свежа миризлива димензија, Perfect тоалетната вода нуди поинтимна, лична интерпретација на мантрата #PerfectAsIAm.
За него: Hugo Jeans Eau de toilette
За бунтовниците и оние кои ги кршат правилата, откриј ја HUGO JEANS тоалетната вода за мажи, свеж и смел мирис кој ги надминува годишните времиња, дизајниран за оние кои се осмелуваат да го следат својот пат. Горните ноти на освежувачки грејпфрут и пенлива лимета, се мешаат со срцевината од нане и бобинки од смрека создавајќи излив на енергија. Суптилните ноти на сандалово дрво се искомбинирани со ветивер и кедрово дрво за да додадат топлина на мирисот. Како и совршените фармерки, оваа машка тоалетна вода може да се носи во сите пригоди. Обоено во мат тексас сина боја, шишето на HUGO JEANS има задебелено црно-црвено лого, слично на она што ги краси култните HUGO фармерки. Шишето се одликува со контрастно капаче во сребрена боја и елегантна сина лента од ткаенина. Има ли посовршена асоцијација?
ВАГА
Нежните ваги се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убавото лице. Исто како и биковите, кои се доминирани од Венера и вагите сакаат да бидат заобиколени со уметност, култура, убавина и хармонија. Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи. Но, понекогаш таа ваша страст е насочена кон луксузни работи и тоа ве прави многу алчни и големи материјалисти во очите на другите. Вагата како што покажува и самиот симбол сака сè да биде балансирано, па вие не можете да поднесете неправда и конфликти. Понекогаш сте несигурни во вашите ставови и многу често отстапувате од нив. Но, не секогаш вашето отстапување е поради тоа што се чувствувате победени. Многу често знаете да попуштите дури и кога знаете дека сте во право, со цел да избегнете конфликт. Вашата желба е да има мир и хармонија. Вие се стремите да бидете објективни и справедливи. Секогаш се борите за правда и тоа го правите со стил. Во љубовната врска сте забавни и романтични. Знаете како да ги шармирате луѓето околу вас и длабоко во вас се крие голем борец. Вие го сакате дизајнот исто како што ги обожавате добрите дебати. Успешни сте кога исполнувате дипломатска мисија и уживате кога работите во екипа. Знаете да си ги реализирате целите кога работите во екипа, но ако бидете оставени сами се сомневате во своите способности и сте несигурни.
За неа: Boss Alive Parfum
Овој возбудлив мирис те кани да живееш како BOSS правејќи сѐ што прави да се чувствуваш ЖИВА. Смела килибарно-дрвенесто-флорална композиција која содржи ноти на јасмин, кожа и ветивер, BOSS ALIVE Parfum се придружува на ALIVE фамилијата. Топли цветови зрачат со позитивна енергија и моќна женственост, додека акордите на кожа го збогатуваат мирисот со моќна килибарна страна. Вибрантни дрвенести ноти оставаат трага на самодоверба и сила. Златен орнамент го опкружува стакленото шише како парче накит, додека живописната рубин црвена боја го доловува моќниот дух на BOSS ALIVE жената. BOSS ALIVE Parfum е инспириран од моќта и позитивноста на секоја жена која живее како BOSS.
За него: Yves Saint Laurent Y Le Parfum
Y LE PARFUM, нова верзија на култниот дрвенест потпис на Y линијата. Апсолутната сила на чист, темен fougère, сега уште посилна, пософистицирана и попривлечна отколку било кога. Сирова елеганција. Мирис кој го карактеризира спој на вибрантна француска лаванда и силата на американско црно кедрово дрво, две ексклузивни состојки ексклузивно одбрани за Yves Saint Laurent. Овој моќен мирисен потпис е нагласен од блескавоста на култниот гераниум и длабокиот, привлечен ритам на темјанот. Мирис за креативен и успешен маж. Апсолутно слободен дух. Зошто да не дадеш сè што имаш? Осмели се да кажеш, ЗОШТО ДА НЕ? Искуси ја апсолутната интензивност на новиот Y LE PARFUM парфем за мажи.
ШКОРПИЈА
Шкорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки. Шкорпиите имаат многу сложен карактер. Шкорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Како претставник на овој знак вашите идеи ги разгледувате од емоционална гледна точка. Понекогаш знаете да ги потискате емоциите, но внатрешно сте многу чувствителни. Доста аналитични сте и се задлабочувате во дејствата и чувствата. Во љубовните односи сте верни, исклучително нежни, страсни, но оној кој е до вас го гледате како своја сопственост. Вие сте толку моќни што луѓето го чувствуваат вашето присуство уште пред да кажете нешто, но и вие ги чувствувате сите вибрации. Го гледате секој детаљ и ги читате луѓето како отворена книга. Вашите пријатели ја знаат вашата лојалност и сè што треба да направат е да свикнат на „високиот напон“. Ако некој ве предаде подобро да внимава – како и шкорпиите и вие нанесувате болен убод како одмазда. Поради тоа што вашиот знак е мистериозен, поработете на тоа да бидете поотворени со луѓето. Тоа ќе ја развие довербата и ќе ги подобри вашите односи со другите луѓе.
За неа: Black Opium Le parfum
Основан на препознатливиот мирис на топло кафе и контрастиран со блескави бели цветови, овој мирис е целосна навала од задоволство. Black Opium Le Parfum е за сензуалните и моќни жени кои итаат низ бескрајните ноќи, оставајќи зад себе бескрајно ехо. Црни светки во средината на шишето, исечени во форма на темен камен. Овој темно црн и сјаен скапоцен камен ја рефлектира интензивноста на парфемската есенција која ја содржи, а неговата срцевина од светки потсетува на трепкачките светла на урбаните градови во текот на ноќта.
За него: Viktor & Rolf Spicebomb Extreme Eau de parfum
Spicebomb Extreme е Spicebomb засилен до максимум. Мирисот е исклучително електризиран, поинтензивен, посмел, појак во споредба со својот претходник. Тој е пикантна мешавина од зачини кои креираат впечатливи контрасти: чили и шафран во комбинација со елемием и розов бибер. Со други зборови ова е комбинација на топли и ладни зачини, сурова машкост и отмена заводливост.
СТРЕЛЕЦ
Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вашата најголема цел е да ја откриете смислата на животот и многу често ја барате во филозофијата и религијата. Мудри сте и не сакате да следите точно определени цели, планирани со време. Сакате да бидете слободни за да може да го правите она што го сакате без никакви ограничувања. Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења – еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели.
За неа: Chloé Nomade Jasmin Naturel Intense Eau de parfum
Nomade, ветување за волшебно патување… те поканува да те однесе. Можност да се открие живот на друго место… секаде на друго место. За Nomade жената, секое ново бегство е единствена авантура. Chloé ти го претставува Nomade Jasmin Naturel Intense, парфем формулиран со мирис од 100% природно потекло во нова ода за убавината на светот. Chloé Nomade Jasmin Naturel Intense е женствен и привлечен парфем за жени со соларен јасмин кој останува на тебе цел ден. Волшебно бегство кое инстантно ја вовлекува фантазијата во грандиозен пејзаж, каде пустината се граничи со планините. Парфимерката Caroline Dumur одбра египетски јасмин, рачно и на одговорен начин набран на изгрејсонце, со цел да го наполни овој интензивен парфем за жени. Како што ноќта паѓа, овој флорален парфем со јасмин почнува да се појавува, контрастирајќи со слатки ноти на урма и ноти на круша за да ја открие неговата целосна сила и комплексност. Неговата деликатна сензуалност е засилена со тонови на ванила и кремасто сандалово дрво. Дозата пачули ја усовршува композицијата, внесувајќи му ја на Chloé мирисот неговата блескавост и постојано модерната елеганција совршена за сите пригоди.
За него: Calvin Klein Defy Eau de toilette
Свеж. Мажествен. Зависен. Calvin Klein Defy е смел контраст од освежувачка свежина и моќни дрвенести ноти: тоалетна вода за мажи кои ги кршат правилата, додека ги истражуваат нивните автентични вистини и контрасти во себе. Оваа тоалетна вода од Calvin Klein се отвора со привлечна и заразна мешавина од цитрусни, која ги истакнува нотите на бергамот и свеж апсолут лаванда. Грубото и земјено масло од ветивер, добиено на одговорен начин од Хаити, е срцевината на оваа тоалетна вода за мажи, поврзувајќи ги живописните текстурни елементи со богатата и примамлива основа од ноти на килибар. Спакуван во модерно шише кое ги отсликува култните кодови на Calvin Klein – тексас сина боја и минимализам, збогатен со доза сензуалност. Овој CK мирис има текстурирано мат капаче на врвот на заоблената, но сепак остра силуета, претставувајќи ја двојноста од ранливост и храброст на патот кон пркосот. Осмели се да пркосиш!
ЈАРЕЦ
Симболот на амбициозните јарци е планинскиот јарец, кој што претпазливо се искачува по камениот рид. Ако сте родени под овој знак, вие сте многу трпеливи и се издигате во општеството стапка по стапка. Иако вашиот пат не е лесен, вашата амбициозност и добрата дисциплина ви даваат сила да стигнете до целта. Кога некој се обиде да ви го попречи патот до врвот вие знаете да бидете сурови и тврди. Добри лидери сте и најверојатно имате свој бизнис или се одвојувате од останатите служители со своето иноваторство и посветеност. Никогаш не ја оставате работата недовршена. Способноста да организирате, заедно со вниманието кое им го посветувате на деталите, ве прави многу ефективни. Понекогаш сте премногу критични кон оние што не се толку амбициозни како вас. Многу често сте фаталисти и гледате на иднината со недоверба. Вашата големина е во вашата упорност, т.е. работите секогаш напорно додека не ги постигнете вашите цели. Вашите амбиции се бескрајни, но знаете да ги конкретизирате вашите планови и таа ваша способност ве прави најуспешниот знак во хороскопот. Во љубовта не сакате да ризикувате и поради тоа сте верни и секогаш стабилни. Елементот сврзан со јарецот е земја. Земните знаци се практични и одговараат на предизвиците со практични методи, наместо да вложуваат интелектуален или емоционален напор. Во слободното време сакате да се натпреварувате. Љубители сте на колективните спортови, но кога губите за загубата се виновни сите учесници. Вие сте секогаш силни, па дури и во најтешките моменти знаете да им дадете утеха на другите. Поради тоа имате многу лојални пријатели. Секогаш сте посветени на вашите пријатели и на семејството. Ги исполнувате вашите ветувања и затоа другите можат да сметаат на вас.
За неа: Thierry Mugler Alien Goddess Eau de parfum Intense
Необичното зачекорува во нова димензија. “Напоен“ со вжарена светлина, внатрешната сила на Alien Goddess е неограничена. Мирисниот потпис и новото шише со боја на килибар, го втурнуваат Alien Goddess Intense Eau de Parfum во универзален повик до сите жени да го прифатат необичното! Овој мирис за жени ги засилува привлечните ноти на калабриски бергамот, јасмин Grandiflorum и ванила бурбон – препознатливите ноти на култниот оригинален мирис, со цел да донесе сензуалност и смелост. Фацетиран талисман, препзнатливото Alien шише е магичен предмет со кој Alien Goddess го разубавува светот, скапоцен камен кој ја открива вибрантната боја на килибар на Alien Goddess Eau de Parfum Intense. Светлината ја пробива стаклената површина со интензивна рефлекција, и украсена со златен ombré ефект за да ја рефлектира нејзината светлина, како ветувањето за изгрејсонце, за оптимистичка иднина, сензуалното и живописно шише евоцира блескава женственост.
За него: Giorgio Armani Code Parfum
ARMANI CODE воздивнува со ноти кои вибрираат арома бергамот од Калабрија, Италија. Vert de Bergamot се добива со помош на молекуларна дестилација, што му овозможува на парфимерот внимателно да ги одбере специфичните молекуларни делови на бергамот. Оваа иновативна и ексклузивна техника на создавање ноти, ја изолира свежата и зелена горна нота на бергамот, а притоа на мирисот му дава долготрајна свежина.
Сржта на овој мирис се состои од арома на мускатна жалфија од Прованса, југот на Франција. Својата софистицирана срж овој мирис ја должи на спојот на природни и технолошки ноти на ирис. Мешавината од природна смола од ирис од Мароко и синтетичките алдехиди на ирис, дава нова чувствителност на ароматичниот и препознатлив мирис ARMANI CODE.
Со оглед на тоа дека се потпира на наследството на оригиналниот мирис на ARMANI CODE, моќната основа на овој мирис е обележана со моќната арома на тонка зрно од Бразил. Во комбинација со ноти на кедрово дрво од Вирџинија – САД, основните ноти на мирисот ARMANI CODE доаѓаат како придружба на доминантниот, препознатлив мирис на ARMANI CODE.
При создавањето на новиот ARMANI CODE мирис, г.Armani како извор на инспирација ги зема денешните мажи, мажи кои се слободни да ја изразат својата автентична машкост и да бидат во допир со своите чувства. Овие нови правила го отелотворуваат она што отсекогаш било визија на Giorgio Armani: чувствителна мажественост, богато изнијансирана.
ВОДОЛИЈА
Родените во овој знак се бескраен извор на нови и оригинални идеи. Вие им давате животворна течност на блиските, а пријателствата се многу важен аспект од вашиот живот. Најдобрата ваша карактеристика е тоа што можете да се спријателите со секој, па затоа имате голем број пријатели. Најсреќни сте кога сте заобиколени од необични луѓе со нестандардни идеи. Работите упорно и енергично за да ги распространите вашите идеи, особено кога тие имаат некаква хуманитарна цел. Вие секогаш знаете како да го најдете идеалното решение за секој проблем. Различни сте од толпата и може да бидете многу добар лидер. Пацифисти сте, но многу сте жестоки кога луѓето не го споделуваат вашето мислење. Многу лесно го губите трпението и сте непредвидливи. Ултра модерни сте и секогаш облечени по најнова мода. Како воздушен знак вие на секој предизвик одговарате интелектуално, а не физички и емоционално. Својот интелект го покажувате преку искажување на своето мислење или преку дискусии. Оригинални сте, обожавате изненадувања и сакате да ги шокирате луѓето околу вас. Токму во моментот кога другите мислат дека ве разоткриле, вие ја менувате играта. Обожавате да кажувате шеги, забавни сте и поради тоа луѓето сакаат да бидат околу вас. Но, никогаш не заборавајте да одделите дел од таа љубов за себе си.
За неа: Prada Paradoxe Eau de Parfum
Мирисот на Prada Paradoxe ја доловува суштината на недефинираната Prada жена која постојано се развива, жена која никогаш не е иста, но е секогаш своја. Овој авангарден препознатлив мирис се базира на темелите на безвременскиот букет од бели цветови и доаѓа во култно, но неочекувано триаголно шише кое ги опфаќа сите парадоксални димензии на мирисот и личноста. Prada Paradoxe ја слави повеќедимензионалната интроспекција и изразот кој постојано се развива: жена која никогаш не е иста, но е секогаш бескомпромисно своја. Во склад со креативниот дух на брендот и под водство на креативните директори Miuccia Prada и Raf Simons, мирисот е осмислен со цел да се обединат безвременоста и авангардата, природата и иновацијата. Доминантните ноти на горчлив портокал и јасмин, безвременските цветни тонови на букет бели цветови кои се во контраст со авангардната препознатлива арома на Ambrofix™ и Serenolide™, се спојуваат како би се добила интимна и долготрајна трага на парфем кој преовладува со живописна топлина. Обликот на шишето е инспириран од оригиналното лого на брендот, што ја прави оваа реинтерпретација на логото безвременски предмет. Се работи за отстапка од традиционалниот дизајн на шише. Шишето е сега минималистичко и луксузно, осмислено да “лежи“ на една страна. Стои накосо, но цврсто, а неговата позиција е променлива, но стабилна. Амбалажата на производот Prada Paradoxe може да се рециклира, а тоа се однесува и на кутијата и на шишенцето. Стаклените шишиња се осмислени на тој начин да се намали тежината и количество стакло, додека кутиите имаат и сертификат FSC™ MIX, што обезбедува хартијата и картонот да се употребуваат на одржлив начин. Сите формати од линијата Prada Paradoxe можат повторно да се наполнат, со што се заштедува материјал за амбалажа. Едно шишенце од Prada Paradoxe од 50мл и шише за повторно надополнување од 100мл, придонесуваат за намалување на употребата на вкупните материјали за 40%, во однос на три шишенца од мирисот Prada Paradoxe од 50мл. Тоа вклучува 29% стакло, 67% метал, 46% пластика и 39% картон.
За него: Ralph Lauren Polo Red Parfum
Ralph Lauren Polo Red Parfum е интензивно-ароматичен мирис со харизматична длабочина. Силниот мирис е инспириран од најпребирливите живеалишта на природата, каде што преживуваат само најдобрите. Енергичниот мирис е погоден за бестрашен човек кој е секогаш подготвен за нови искуства. Ralph Lauren Polo Red Parfum се отвора со освежувачка мешавина од бергамот, розев бибер и црвен портокал. Во срцевината, на сцената настапува возбудлив апсинт, елегантна лаванда и карактеристичен орис (корен од ирис). Основната нота е интензивно топла мешавина од мошус, опопонакс и кедар.
РИБИ
Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста. Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат. Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец. Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер – идеалниот. Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.
За неа: Lancôme La Vie Est Belle Iris Absolu Eau de parfum
La Vie est Belle Iris Absolu е волшебна интерпретација на култниот мирис. Средишна нота на овој мирис е ирис, состојка со долгогодишна историја во парфемската индустрија, која е добиена преку одржлив развој во Франција. Нотата на црна рибизла им дава свежина на млечните ноти на смоква, додека волшебниот пачули и гурманската ванила се она што го поврзува овој мирис со оригиналниот парфем La Vie est Belle. Оваа интерпретација на мирис доаѓа и во нов дизајн. Реинтерпретација на кристална насмевка инспирирана од брановите кои ги создава капката која паѓа на површината вода, шишенцето има нов модел на насмевка кој незапирливо се шири како и среќата на оние кои го носат La Vie est Belle мирисот.
За него: Yves Saint Laurent La Nuit de L’Homme Bleu Électrique Eau de toilette Intense
YSL мажот е исто како него. Верен на неговиот посебен карактер, но секогаш открива по некоја нова страна. Моќен и контрастен мирис инспириран од електризирачкиот момент на привлечност помеѓу двајца странци кои се чувствуваат како да се знаат. Се поставува прашањето: „Дали се познаваме?“
La Nuit de l’Homme Bleu Electrique носи свежа, поинтензивна верзија на тоалетната вода. Единствена мешавина од зачини: кардамом и ѓумбир, контрастирани од сина ароматична срцевина која содржи ноти на француска лаванда, посебно креирана за YSL Beauté.
Искуси го возбудливиот налет на ултра свежи ноти, збогатени со темни, ориентални зачини.
Препознатливото Yves Saint Laurent La Nuit de L’Homme шишенце со неодолив пресврт во сина боја. Мирис во електризирачка сина боја, која потсетува на неонските светла на градот.
Извор за хороскопските знаци: http://www.femina.mk/%D1%85%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF/%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0