Ако се запишете на применет колеџ, пристапот на учење повеќе ќе ви биде фокусиран на аспектот „како“ – наместо „што“. Вашето образование ќе биде фокусирано на учење на конкретни и практични професионални вештини, кои ќе треба да ги применувате во пракса за да се подготвите добро за одредена професија.
Сте се запрашале ли на што се должи популарноста на применетите научни колеџи во светот, особено во европските земји? Одговорот е едноставен, многу практична настава и подготовка на студентите професионално да одговорат на работните задачи, дури и додека сѐ уште студираат. Ова е тоа што ги прави различни и специфични применетите колеџи, кои своите корени ги бележат во Германија.
Додека традиционалните универзитети главно се водат од истражувања, и особено внимание посветуваат на пристапот на настава, колеџите за применети науки се повеќе ориентирани кон практиката, дизајнирани за оние што сакаат да влезат во одреден тип на кариера по дипломирањето. Во оваа категорија совршено се вклопуваат ИТ применетите колеџи, бидејќи оваа индустрија дел од своите ресурси ги црпи и од овој тип на образовни институции.
Каде за првпат се појавиле?
Концептот на применетите ИТ колеџи ги бележи своите корени во Германија – каде што за прв пат се појавува терминот Fachhochschule односно College/School of Applied Sciences во рамки на образовниот систем, кој набрзо станува општоприфатен низ цела Европа, но и светот. Историски гледано, применетите колеџи се најраспространети во Западна Европа, во земји како што се Германија, Австрија и Холандија, но многу од нив земаат голем замав и во Соединетите Американски Држави. Дури и еден од најпознатите и најреномираните технички универзитети во светот – MIT (Massachusetts Institute of Technology) ги бележи своите почетоци применувајќи го токму овој модел на применето високо образование.
Првиот применет ИТ колеџ во Македонија
Бенефитите од ваков тип на образование наскоро ќе може да ги почувствуваат и македонските студенти бидејќи Бреинстер го основаше првиот применет ИТ колеџ во Македонија, Бреинстер Некст (Brаinster Next College).
Како акредитирана високообразовна институција која нуди прв циклус студии и е дел од формалниот високообразовен систем, колеџот има 3 годишни додипломски студии со 180 ЕКТС (европски кредит трансфер систем) кредити во областа на информатичките и дигиталните технологии. По завршувањето на студиската програма, студентот се стекнува со диплома и соодветно академско звање – дипломиран инженер (во назначена област).
Применетите колеџи се специфично насочени кон изучување на професионални вештини и практична апликација на стекнатото знаење, но се еквивалентни во степенот на формално образование со останатите факултети. Може да ги сретнете според својата форма како вокациони, стручни, политехнички или пак применети школи, колеџи, факултети и универзитети.
Петар Ниновски, основачот на Бреинстер и Бреинстер Некст, објаснува дека она што ги прави поинакви од останатите високообразовни институции е самиот факт дека се конкретно насочени кон науки во областа на технологијата со фокус на практичната примена на стекнатите знаења во апликативни решенија.
„Воедно, тие се во многу тесна и длабока поврзаност со компании од секторот во кој нудат студии, кои не само што обезбедуваат пракса за студентите, туку се директни учесници во самата креација на наставните програми, развојот на курикулумот и проектите на кои работат студентите во рамки на своите студии. Токму ваков тип на применет ИТ колеџ е и Бреинстер Некст. Нашите студиски програми се креирани врз основа на овие гореспоменати принципи и преку нашиот Индустриски Борд и блиската соработка со партнерските компании, можеме да понудиме студии кои со својата апликативна примена соодветствуваат на она што е навистина потребно во индустријата од аспект на вештини и знаења, правејќи нашите студенти вработливи уште пред самото дипломирање“, вели Ниновски.
Стил на предавање и фокус
Ако студирате на истражувачки универзитет, ќе бидете првенствено фокусирани на аспектот „зошто“, кога е во прашање учењето. Ќе научите да им пријдете на темите од апстрактна перспектива и да применувате аналитички вештини. Покрај тоа, ќе научите да презентирате убедливи усни и писмени аргументи што понатаму ќе се рефлектира на резултатите од вашето академско истражување.
Но, ако се запишете на применета високообразовна институција наставните методи повеќе ќе ви бидат фокусирани на аспектот „како“. Вашето образование ќе биде фокусирано на учење на конкретни и практични професионални вештини, кои ќе треба да ги применувате во пракса за да се подготвите добро за одредена професија. Ќе имате повеќе (задолжителни) часови, повеќе контакт со вашиот предавач, многу практична работа и реални проекти.
На Бреинстер Некст колеџот се применува Studio Based Learning, кој претставува вид активност, односно процес на учење, кое е базиран на работа на проект од страна на студентите и менторство од страна на професорите за време на изработка на истиот.
Овој пристап на учење ги поттикнува студентите активно да се ангажираат во насочувањето на сопственото учење. Професорот не е ставен во фокусот на часот, како во традиционалните предавања. Целиот фокус е насочен на студентот.
Професорот Ивица Пешовски кој е дел од наставниот кадар на Бреинстер Некст објаснува како тие ќе ги инспирираат студентите.
„Професорите што лично ми имаат оставено најдобар впечаток, а и општо, професорите што ги инспирираат студентите и ги насочуваат кон тоа што за нив понатака ќе претставува професија и живот, се оние што покажуваат како се прават работите. Многу ретко оние што истото го кажуваат! Оттука е и идејата и прашањето: Што ќе се случи ако сите професори и целата наставна програма е таква? Што ако работиме близу до студентите, им покажуваме и ги насочуваме во нивното секојдневно учење? На студентите не им се битни нивните студии, на студентите им е важно знаењето што ќе го добијат. Токму тоа е методологијата на работа што ја практикуваме тековно во Brainster и што без сомнение ќе продолжиме да ја негуваме и на Brainster Next колеџот. Токму тоа е целта на апликативните образовни институции – да му го пренесат на студентот знаењето што му е директно потребно за негово професионално остварување“, вели Пешовски.
Соработка со индустријата
Благодарение на блиските врски што овој тип на институции ги одржуваат со регионалните и меѓународните компании, нивните дипломци имаат добри можности за работа, по дипломирањето. Стручниот фокус исто така значи дека диплома од применет колеџ ви носи широк спектар на опции кога станува збор за поставување на темелите за успешна кариера.
Наставните програми на Бреинстер Некст се создадени според потребите на индустријата. Бордот од индустријата, пак е надворешно консултативно тело во кое членуваат лидери од IT индустријата и од други индустрии, претставници на релевантните стопански комори, истражувачи и експерти докажани во релевантните области, како и професорскиот кадар и дел од менаџментот на Brainster Next College.
Главната цел на Бордот е да ја осигура цврстата поврзаност на наставните програми со потребите на индустријата, преку разгледување и прилагодување на програмите, дефинирање на изборот на технологии, менторирање на студентите, обезбедување проекти, истражувања и практична работа за нив, и активно учество во носењето на најважните одлуки поврзани со идниот развој на институцијата.
Бреинстер Некст колеџот има многу партнерски компании и активна соработка со деловната заедница. Покрај Бордот од индустријата, кој има директно влијание на стратешки одлуки поврзани со наставните програми, методологијата и поврзаноста на образовниот процес со вистинските потреби на индустријата, партнерските компании ја нудат својата експертиза во рамки на гостински предавања, овозможување на истражувања, пракси и проекти, како и можности за идно вработување на студентите на Бреинстер Некст.