Последната сезона од серијата Stranger Things го сруши рекордот на гледаност уште во премиерниот викенд кон крајот на мај со најмногу изгледани часови 286.79 милиони. Гледаноста пак на вториот дел од сезоната, чија премиера беше изминатиов викенд донесе до пречки во стримингот на Нетфликс со што многу корисници не беа во можност да се приклучат на платформата за да го гледаат вториот дел.
Од 30 мај до 5 јуни вкупно била гледана серијата 7.2 милијарди минути според мерачот на стриминг „Нилсен“ што брои само гледаност во САД и тоа на ТВ, што значи дека бројката низ целиот свет и на други уреди е многу поголема. Серијата достигна и рекорд за две недели гледаност од 12.34 милијарди минути. Досега немало серија што ја срушила границата од 6 милијарди минути гледаност во една недела, а други две серии кои успеале да постигнат најголема гледаност во една недела се Tiger King и Оzark за време на ковид рестрикциите пролетта 2020 година.
Вториот дел од четвртата сезона за многу критичари и фанови е најдобриот крај на сезона досега. Серијата ги следи авантурите во осумдесетите на групата деца Мајк, Лукас, Вил и Дастин, како и девојката со натприродни моќи Илевен, кога нивниот мал град Хокинс во Индијана се соочува со натприродна опасност. Премиерата на серијата беше во 2016 година и досега има четири сезони. Носталгијата по осумдесетите исто така придонесе серијата да добие на голема популарност особено со реферниците од поп-културата.