Вечерва, со почеток од 19 часот, во Кафе и филм КОТУР ќе се одржат проекции на македонски кратки студентски филмови, во соработка со студентската филмска платформа ХАЈ-ФАЈ, чие трето издание започнува токму денес.
На програмата се филмови од новата генерација млади автори:
„Сведоци“ – Јана Голабоска
„Небото не е граница“ – Бојана Миовска
„Каде одиш Јан“ – Леона Јариќ
„Delmo“ – Мартин Темков
„Борби со ветерници“ – Борјан Гаговски
„Делузија“ – Марија Петреска
„Уметноста на забележувањето“ – Ивона Георгиева
„Соочен со бесконечност“ – Никола Јовановиќ
„Патот до непознатото“ – Виктор Јовев
„Детокс“ – Теодора Најдовска
„A vain desire to return“ – Дарко Ѓуровиќ
„Лажна крв“ – Михаел Каровски
„Прекутрупа“ – Ксенија Мано
По проекциите следува Q&A сесија со дел од авторите, а вечерта продолжува со диџеј сет на Љубен Дерибан.
Настанот е дел од серијата промотивни активности кои го најавуваат осмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, што ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври на повеќе локации, вклучително и Кафе и филм КОТУР.
Повикот за пријавување филмови е отворен до 31 август 2026:
https://filmfreeway.com/DzirniFilmAndMusicFestival
Осмото издание на фестивалот „Ѕирни“ се реализира во рамки на проектот „Култура за развој“, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Хартефакт Фонд.

