На 5 јуни, покривното плато на Skopje City Mall повторно ќе се претвори во најатрактивната летна фестивалска локација во градот. Gin Lane Festival, во организација на Bottega Eventi и Skopje City Mall, годинава го одбележува своето четврто издание, носејќи уште побогата програма, внимателно селектирани изложувачи на џин и сродни брендови и ексклузивен музички спектакл под отворено небо.


Gin Lane Festival претставува уникатен спој на музички настан и фестивал за дегустација на џин, коктели и премиум пијалоци, создаден како место каде што урбаната култура, добрата музика и миксологијата се среќаваат во едно препознатливо фестивалско доживување.
Фестивалот традиционално започнува на зајдисонце, со почеток во 19:00 часот, кога rooftop платото на Skopje City Mall се трансформира во динамична фестивалска зона исполнета со музика, светлосни инсталации, lounge атмосфера и внимателно уредени дегустациски пунктови на џин и останати брендови.
Музичката програма годинава ја отвора Дј Иван Димитријев, а по него на сцената ќе настапи бендот The Ringtones, кој со својот препознатлив звук и енергичен настап ќе создаде совршен вовед во вечерта.




Круна на овогодинешното издание ќе биде настапот на хрватската поп дива Ванна – една од најценетите и највлијателни регионални музички артистки, препознатлива по својот исклучителен вокал, безвременски хитови и повеќедецениска кариера исполнета со музички успеси.
Нејзиното прво фестивалско гостување во Македонија претставува еден од најочекуваните музички настани ова лето.
Од година во година Gin Lane Festival расте и се развива, носејќи нови содржини и регионални музички имиња. Она што денес е еден од најпрепознатливите урбани фестивали во Скопје, всушност започна како многу помал концепт под името Gin Garden.
Еден интересен факт е дека првичната идеја за фестивалот била реализирана на сосема друга локација и во многу поинтимен формат. Само неколку минути пред почетокот на настанот, силна олуја и пороен дожд ја оневозможиле неговата реализација. Во тие моменти тимот на Skopje City Mall им понудил на Bottega Eventi можност настанот да биде преместен на нивната локација, што подоцна прераснало во долгорочно партнерство и основа за создавање на денешниот Gin Lane Festival.
Денес rooftop просторот на Skopje City Mall претставува препознатлив дом на фестивалот и платформа која овозможува секоја година целосно нова сценографија, визуелен идентитет и фестивалско искуство. Отворениот поглед кон градот, зајдисонцето, музиката и внимателно креираната атмосфера создаваат уникатно city-vibe доживување кое секоја година привлекува илјадници посетители.
Името Gin Lane е инспирирано од историската приказна за џинот, интерпретирана во современ и позитивен контекст – како симбол на дружење, урбена култура, креативност и незаборавни летни вечери.
Важни информации
Карта за настанот – 1.000 денари
Секоја карта вклучува:
• 100 BE CreditBack од купената карта
• 100 BE кредити гратис на фестивалската алка
• Вкупно 200 BE кредити за дегустација
Дополнителни кредити ќе можат да се набават онлајн, преку апликацијата BEPAY или на топ-ап станиците поставени на самиот фестивал.
Пакет од 4 карти со резервација на светлечки коњопој во отворена партер зона пред сцената – 8.000 денари
Пакетот вклучува:
• Резервирана позиција во партер зоната
• 800 BE CreditBack
Движењето низ фестивалскиот простор не е ограничено.
На 5 јуни, љубителите на добрата музика, коктел културата и урбаните летни настани повторно ќе имаат можност да бидат дел од едно од најочекуваните фестивалски случувања во градот.





