10 од 15 вкупни награди беа освоени од жени на првите Британски музички награди без родова поделба на категориите. Адел освои најмногу со победа во категоријата уметник на годината, албум на годината и Британска песна на годината за песната „Easy on me“.
Подигнувајќи ја наградата за најдобар уметник, Адел изјави дека иако името е сменето ( од најдобар машки/женски уметник), таа обожава што е жена и што е женски музички артист.
Оваа промена на наградите дојде по критицизмот на небинарниот музичар Сем Смит во 2021 година, чија родова припадност не можеше да се вброи во машка или женска категорија. Смит тогаш изјави дека се надева на време кога наградите ќе го рефлектираат општеството во кое живееме.
Меѓу женските артисти кои освоија награди се и Дуа Липа, Оливиа Родриго, Били Ајлиш, Литл Симз, Холи Хамберстоун…
Британските музички награди тргнаа по стапките на останати светски музички шоуа, а во декември минатата година раководството изјави дека промената е направена за да се слават „уметниците исклучиво поради нивната музика и работа, наместо како тие избираат да се идентификуваат или како што другите може да ги гледаат како дел од посветеноста на Британците да се развие шоуто да биде што е можно поинклузивно и релевантно“.
Наградите предизвикаа контроверзии откако ги открија плановите да се откажат од родовите категории и да се воведат само поединечни награди за најдобар британски уметник и најдобар интернационален уметник. Промената на правилата поттикна загриженост дека женските уметници, од кои многумина се веќе во неповолна положба во индустријата во која доминираат мажи, имаат поголема веројатност да пропуштат награди.
Извор: theguardian.com