Глобалната икона Ријана и спортската компанија PUMA официјално ја лансираа својата најнова линија на производи. Ријана се враќа во брендот како креативен директор а ова повеќегодишно партнерство донесе на пазарот многу успешни производи. Во продолжението на соработката FENTY x PUMA историјата на брендот PUMA и неговото спортско наследство се комбинира со иконскиот статус на Ријана како лидер во музиката, културата и модата. FENTY x PUMA Avanti е патика која претставува неконвенционален микс од две познати патики PUMA – фудбалската копачка King изработена од висококвалитетна кожа со ѓон за патики за трчање Easy Rider.
Соработката помеѓу Ријана и PUMA е препознатлива по дизајнот на специфични модели во кои спортот и модата се испреплетуваат – почнувајќи од 2015 година со дизајнот на иконската патика Creeper. Помеѓу 2015 и 2018 година, Ријана и PUMA лансираа неколку колекции на обувки и облека, вклучително и FENTY x PUMA Trainers, FENTY x PUMA Fur Slippers и многу повеќе. Со оваа соработка, брендот PUMA, во текот на изминатата деценија, имаше значително влијание на модната сцена, вклучувајќи четири модни ревии одржани во Њујорк и Париз.
Љубовта на Ријана кон фудбалот, во комбинација со големото влијание на спортската мода, послужи како почетна точка за оваа најнова колекција. За Ријана, како и за PUMA беше важно колекцијата да биде наменета за целото семејство и да изгледа исто толку кул за децата како и за нивните родители. Патиката која ја носеа легендите, а сега ја „ремиксираше“ Ријана – Аванти е унисекс патика за возрасни и деца.
Извор: Vogue