Минатата недела ,,Игралиште”, првата продавница за винтиџ облека и локални дизајнери во Скопје се ре-отвори на нова локација. Продавницата се наоѓа на улица Мирослав Крлежа 48, Скопје и ќе работи со следново работно време: понеделник- сабота 12:00 – 19:00ч.
”Во новата продавница имаме изложено околу 400 парчиња винтиџ облека, рачно одбрана во Лос Анџелес, САД. Пресреќни сме што нашите клиенти конечно ќе имаат можност да прегледаат поголема селекција на добри парчиња” – вели тимот на ,,Игралиште”.