Како што наближува премирата на филмот на Бен Афлек „Air“ во кој глумат Мет Дејмон и Виола Дејвис, оригиналните патики се ставени на аукција. Следната недела патиките Nike Air Jordan 13s кои ги носел Мајкл Џордан во втората игра од финалето на НБА во 1998 година, познато како „последниот танц“ ќе бидат ставени на аукција од „Сотеби“ и се проценети од 2 милиони до 4 милиони долари. Ова се највредниот пар патики кој се појавил на пазарот некогаш.
Моменталниот аукциски рекорд за пар патики е 1.472 милиони долари во 2021 година исто така носени од Џордан. Тоа што Џорданките 13 се очекува да ја поминат оваа рекордна сума, не зборува само за нивната реткост туку и за постоечкото наследство на најиконскиот дизајн на патики некогаш направен. Иако навистина изгледаат носени, сепак се во многу добра состојба со оглед на тоа колку се стари.
Но што е тоа што ги прави толку специјални Џорданките? Приказната позади овие патики е темата на новиот филм „Air“ во режија на Бен Афлек, во кој глуми заедно со Мет Дејмон и Виола Дејвис. Во времето кога Најк го контактира Џордан во 1984 година, тој сѐ уште е почетник, кој игра за Универзитетот на Каролина. Сепак морале да се борат да потпише за нив, бидејќи Џордан сакал да потпише за Адидас, а во тоа време Најк имале тешкотии со опстојување на брендот. Дизајнерот на патики и легендата од Најк, Петер С. Мур наводно го нацртал дизајнот на салфетка и така се родиле првите Џорданки. Оттогаш се изработени 35 дизајни на Џорданки. Атлетската моќ на Џордан е очигледно огромен фактор во репутацијата на патиките, а со тоа и митологијата која се разви околу кошаркарот и успеа да се прелее во популарната култура, дека Џордан може да лета.
„Не беше Кристофер Рив (Супермен) тој што ги убеди сите дека може да лета. Тоа го направи Мајкл Џордн. Тој навистина го правеше тоа во реалниот живот секој ден и тоа во овие патики“, вели за BBC Culture, Џијан ДеЛеон поранешен уредник за содржина на Highsnobiety.
Плус, Џорданките повеќе може да се носат од наметка и долна облека врз панталони. Тие станаа репрезент на манифестација во облекувањето и човечката супериорност. И маркетингот кој беше голем играше улога во градењето на имиџот на овие патики. Во 1989 излегоа рекламите со Спајк Ли кој се појавува како неговиот карактер во во филмот She’s Gotta Have It, го прашува Џордан што го прави него најдобриот играч во универзумот и постојано повторува, „Тоа мора да се патиките!“
Патиките биле првично забранети од НБА поради црвено-црната боја, бидејќи во тоа време организацијата сметала дека патиките што ги носат играчите треба да бидат доминантно бели. Ова само ја зголемило бунтовничката мистичност околу нив – всушност боите и дизајнот придонеле за нивната голема популарност.
Чистиот модел и можноста да се стават многу бои и материјали за да се одржат свежи ги прави патики за сите, за жени, за мажи, за деца.
Пред нив имало и други спортисти со препознатливи линии на патики како на пример Стен Смитс на Адидас од американскиот тенисер или Конверс Чак Тејлорс за кошарка кои често биле прв избор за кошаркарите од НБА. Но тоа што ја издвојува линијата на Џордан е тоа што самиот кошаркар секогаш бил попопуларен и поважен од самата патика. Често кога спортистот ќе престане да игра, неговото наследство и историја станува узурпирано од патиките. Со Џордан не е таков случајот, а не наштети ни документарецот на Нетфликс, од пред три години „Последниот танц“ кој го зголеми интересот за Џорданки во тоа време, летото 2020 година. Иако не се без контроверзии (документаецот „Еден човек и неговите чевли“ алудираше на агресивниот маркетинг на Најк врз деца кои не можат да си ги дозволат патиките) сепак не може да се негира дека се првите патики кои ја создадоа културата за патики како што ја знаеме. Тие претставуваат и револуција на уличната мода. Тоа се патики кои имаат култно влијание на улиците и лесно препознавање и поврзување помеѓу луѓето што ги носат.
„Ако во осумдесетите и деведесетите забележевте на улица некој што носи Џорданки голема е веројатноста дека можевте да почнете муабет за тоа и потоа да откриете и други заеднички интереси, дали хип-хоп, спорт, улични рап брендови… Сите тие беа како дел од андерграунд униформа на стилско племе“, вели ДеЛеон.
Денес дел од нивната привлечност е и носталгија, едноставно стануваат патики кои ако ги имаме не би сакале никогаш да се ослободиме од нив.