Велат дека здрав стил на живеење е скала до успехот, па затоа сакаме да разговараме на оваа тема со инспиративни луѓе што го практикуваат. Наш избор оваа недела е Викторија Димитровска поранешна членка на неколку ракометни тимови од женската, прва национална лига (ЖРК Куманово, Вардар, Металург) и репрезентативка на Македонија. Таа е дел и од модната сцена во нашата земја, со работа на голем број модни кампањи и проекти. Нејзиното секојдневие е исполнето со голем број предизвици од мајчинството, низ кои се труди и на своите синови да им всади љубов кон здравиот начин на живот.
Секојдневните ритуали се одлика на дисциплина и носат голем број на бенефити во секојдневието на тие што ги практикуваат. Имате ли вие некој ваш ритуал што во последно време позитивно ви влијаел?
Денот најчесто ми почнува околу 6 часот, и во последно време секое утро правам истегнување и 10 минутни јога вежби. Ова ми е нов ритуал, кој навистина многу позитивно ми влијае а не одзема многу време. Утринските вежби даваат енергија за цел ден, а физичката активност е природен лек во борбата против стресот. Па така мислам дека овој мој нов ритуал ми носи чувство дека денот го почнувам со нешто убаво за себе и ми е мотив да го продолжам денот во тој дух.
Негата на лицето и телото е многу важен дел од грижата за себе. Каква е вашата рутина за нега и какви производи најчесто користите?
Негата на кожата на лицето ја имам сфатено многу сериозно, па затоа користам дневна и ноќна рутина за чистење и негување. Наутро користам чистач, серум и крема за лице со фактор 50ка. Навечер ја повторувам постапката, со тоа што правам двојно чистење на лицето. Повремено користам маски за лице, природни и органски, нивниот состав го одбирам во зависност од мојата моментална состојба на кожата. Користам природна органска козметика, бидејќи ми се покажаа како најдобра варијанта за мојата кожа. Особено сум горда на мојата коса, која е природна, не е хемиски третирана и фарбана. Па затоа и внимавам со фенирање, користење преси и други уреди да не ја оштетам.
Здравата исхрана и физичката активност се основа и темел на секој здрав организам. Каков е вашиот став на оваа тема и даки тие се имплементирани во вашето секојдневие?
Колку и да звучи клише иле веќе добро позната тема, презастапена во медиумите, сепак процентот на луѓе што не вежбаат редовно, ни покажува дека сé уште треба да се зборува колку е важна физичката активност. Јас вежбам три пати неделно во теретана и пешачам секој ден. Како мајка на мали деца постојано сум активна, во секојдневните игри со нив и сметам дека секој родител треба да е во најдобра физичка форма за да може да ги прати активностите на своите деца. И секако да е добар пример за нив, односно уште од мали нозе да имаат заеднички ритуали кои подоцна ќе прераснат во здрави, заеднички навики. Здравата исхрана, всушност треба да прерасне во здрав, животен стил и да се негува заедно со целото семејство. Од кога имам деца сфатив колку голема одговорност е да се храниш здраво, зашто за твоите деца секогаш ќе бидеш прв пример за како треба или не треба. Многу важен дел во здравата исхрана е комбинацијата на здрави намирници, подготвени на здрав начин. Од неодамна во мојата исхрана вклучив и колаген во вид на секојдневен суплемент. Случајно се запознав со важноста на колагенот, особено по 30тата година и сакав повеќе да се информирам и да го користам како додаток на мојата исхрана. Го вклучив морскиот колаген на Арбореал и по три месеци користење навистина видов огромни резултати, прво на мојата коса и кожа, но и за моите зглобови. Морскиот колаген го поддржува и природното произвидство во мојот организирам и затоа верувам дека добрите резултати се неизбежни.