Пред неколку дена беше објавен трејлерот на 30 минутниот квир вестерн на Педро Алмодовар, со наслов Strange Way of Life. Направен во соработка со креативниот директор на брендот Сен Лорен, Ентони Вакарело кој е и продуцент и главен дизајнер на костумите во филмот, Strange Way of Life е вториот краток филм на англиски јазик на Алмодовар по The Human Voice со Тилда Свинтон. Во овој филм главните улоги ги толкуваат познатите Итан Хок, Педро Паскал и Ману Риос.
Премиерата на филмот ќе биде на Канскиот филмски фестивал во мај. За филмот на IMDB пишува: „По 25 години, Силва (Паскал) јава коњ низ пустината за да го посети својот пријател, шерифот Џејк (Хок). Тие ја прославуваат повторната средба, но следниот следното утро Џејк му вели на Силва дека причината за неговиот пат не е само за да се потсетат на нивното пријателство“.
Во изјава, Алмодовар потврди дека се работи „за квир вестерн, за двајца луѓе кои се сакаат и се однесуваат во таа ситуација на различен начин. Тоа што го има филмот, а повеќето вестерни го немаат е вид на дијалог помеѓу двајца мажи што мислам дека никогаш не бил прикажан во вестерн филм“.
На Алмодовар му беше понуден да го режира и Brokeback Mountain, но наместо него работата ја доби Енг Ли. Приказната вели дека Алмодовар сакал неговата верзија на филмот да има геј секс од почеток до крај, да се претстави физичката врска помеѓу двајцата мажи, но Холивуд не одобрил. Сепак Алмодовар не ја изгубил желбата за квир вестерн и го режира Strange Way of Life.
Во прилог трејлерот за филмот.