„Господарот на прстените“ е ТВ серија, базирана на истоимениот роман на Џ. Р.Р. Толкин. Серијата е развиена од Џ. Д. Пејн и Патрик Мекеј за услугата Prime Video, а заплетот е сместен во Второто доба на Средната Земја пред настаните од книгите и филмовите „Господарот на прстените“. Полека се откриваат деталите за серијата што ја прави „Амазон“ и која се најавува како најскапа во историјата. Таа ќе биде насловена „Господар на прстените: Прстените на моќта“ и ќе има премиера на 2 септември.
Деталите за заплетот сè уште не се откриваат, но Второто доба на Толкин започнува по протерувањето на мрачниот господар Моргот. Прво завршува со смртта на Саурон, слугата на Моргот и главниот негативец во Господарот на прстените, од страна на сојузот на џуџињата и луѓето.
„Публиката досега ја виде приказната за само еден прстен, но пред да има еден, ги имало многу“, велат авторите на серијата Џеј Ди Пејн и Патрик Мекеј.
Снимањето на првата сезона се одвиваше во Нов Зеланд, додека втората ќе се снима во Велика Британија. „Амазон“ плати 250 милиони долари само за правата за адаптацијата, а снимањето на првата од најмалку пет сезони чинело 465 милиони долари.