Граѓанската организација, Volksentscheid Berlin Autofrei, (Граѓаните одлучуваат за Берлин без автомобили) предложи план да ги лимитира автомобилите во С- Рингбан, долга кружна железничка линија околу внатрешноста на градот, со што би се добила најголемата област без автомобили во светот. Станува збор за површина од 88 квадратни километри. Иницијативата е насочена кон тоа да се забранат автомоби во централен Берлин, со исклучок на возила за итна помош, камиони за собирање смет, такси, возила да достава и резиденти со ограничена способност за движење, кои сите ќе имаат посебна дозвола.
Како што објаснуваат од организацијата, целта на кампањата е „улиците во Берлин да бидат правично распределени, здрави, безбедни, погодни за живеење и еколошки“. Бидејќи властите не преземаа никаква акција за да се постигне оваа цел, тимот на организацијата организираше референдум и собра отприлика 50.000 потписи за поддршка на кампањата. Откако градските власти видоа дека голем број граѓани ја поддржуваат ваквата инцијатива во берлинскиот сенат ќе се разгледува оваа идеја и конечната одлука ќе ја имаат до следниот месец. Ако иницијативата е отфрлена тогаш организацијата повторно ќе собира потписи, овој пат целејќи до 175.000 луѓе што ќе донесе автоматски иницијативата да се гласа на избори во 2023 година и со тоа ако се изгласа да стане официјална.
Извор: archdaily.com