Нов тизер трејлер од многу очекуваната серија Куќата на змејот која се случува пред настаните во популарната Игра на тронови беше објавен денес. Настаните во Куќата на змејот се случуваат 200 години пред оригиналната серија, најпозната на продукциската куќа HBO и најмногу добиени Еми награди. Новата серија е од писателот на сагата Џорџ. Р. Р. Мартин базирана на книгата Оган и крв, а во неа глумат Педи Консидин, Оливиа Кук, Ема Д’Арси и Мет Смит. Иако продукцијата објави пократок тизер во октомври минатата година, овој е подолг и со повеќе сцени.
Премиерата на серијата ќе биде на 21 август и е голема иницијатива на HBO да се врати дел од магијата на Игра на тронови која достигна голема популарност и гледаност низ целиот свет. Продукцијата исто така има и други проекти со настани во Вестерос во различна фаза на развој така што доколку Куќата на змејот покаже успех ќе биде добар знак Игра на тронови да добие франшиза.
Погледнете го новиот тизер.