Дали сте од оние кои обожаваат да мешаат вкусови? Доколку сте, Cooking with Branko, Food Bar и Портрет имаат одлична идеја за вашиот следен оброк – свежа салата со капини.
За оваа експлозија од вкусови потребни се само неколку здрави состојки од Food Bar, целосно припремени, со што единствено што ви останува е да ги измешате потребните намирници во еден голем сад.
Спанаќот како вистински афродизијак, одлично оди и во комбинација со овошје, во овој случај капини, што на салатата и даваат слатка нота. За уште подобар шмек, додадете малку јаткасти плодови и не заборавајте го вашето омилено сино сирење. За крај прелијте со маслиново масло и зачини по ваш вкус.
Потребни состојки:
• Една кесичка свеж беби спанаќ на Foodbar
• 60гр. ореви
• Неколку коцки сино сирење
• Црна капина на Foobar
• Маслиново масло
• Сол и бибер по вкус
Во длабок сад додадете свеж беби спанаќ од кесичката на Foodbar. Врз беби спанаќот додадете ситни коцки од вашето омилено сино сирење. Потоа додадете неколку свежи капини на Foodbar. Исечкајте ги оревите ситно и додадете ги врз салатата. Прелијте ја салатата со маслиново масло и зачини по ваш вкус. Уживајте во ова слатко и здраво задоволство.