Во време на масовното производство, домашно подготвените производи се издвојуваат со својата автентичност. Подготвени со грижа, љубов, страст, трпение и чисти природни состојки, нудат вкусови од природата и различно доживување на храната. Ви издвоивме неколку ,,мали бизниси” што произведуваат домашни џемови, мед, намази, подготвени со огромна посветеност и здрави состојки. Ваше е да ги изберете вашите омилени вкусови и да уживате во нив.
Домашно подготвени природни и нискокалорични мармалади од сезонски овошја, неверојатни комбинации, специфични и уникатни вкусови. TrekkMe Охрид создаваат магија во теглички.
Путери, крем-намази, пралине-пасти и чоколади направени од локални јаткасти плодови, со интензивен и исклучително пријатен вкус.
Домашни свежо подготвени производи и локални лешници, без глутен, лактоза и вештачки додатоци.
100% природен крем мед збогатен со природни додатоци. Изборот е тежок, па најдобро е да ги пробате сите вкусови.