Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси. Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот.
Во оваа епизода наши соговорнички се актерката Тамара Ристеска и манекенката Маја Костовска две другарки, вљубенички во активниот живот, прошетки во природа и грижа за сопственото здравје.