Секој месец заедно со нашите соработници, Роса вода разговараме со инспиративни соговорници, кои се позитивен пример за средината, кои имаат здрави навики и водат избалансиран, активен живот. Таков пример е и Емине Илази сопственичка на интерактивна игротека за деца и онлајн продавница за детска облека.
Постојано се нагласува важноста на добрата организација за намалување на секојдневниот стрес. Кои стратегии и практики ви се покажале најефективни во интегрирањето на вашите професионални обврски со вашата улога како мајка?
Добрата организација во денешно време е спас за нас мајките кои пробуваме паралелно да балансираме бизнис и мајчинството. Обично гледам однапред да ги организирам и усогласам моите обврски, но не секогаш успевам се да биде под конец и подмачкано како што би рекле и тоа е сосем нормално, зошто ништо не е совршено.
Брзиот начин на живот, технологијата и тековните проблеми имаат големо влијание на сечиј начин на живот. На што најмногу внимавате за да ги исполните вашите приоритети, а при тоа да не биде на сметка на вашата благосостоба?
Брзиот начин на живот знае да направи понекогаш да излезам од колосек и да имам burn out момент. Но во такви ситуации знам да кажам стоп и да си дадам одмор и време на себеси. Многу е битна грижата за себе и да не дозволиме брзото темпо на работа да не совлада и да управува со нашиот живот.
Каква улога имаат системите за поддршка во вашето секојдневие, партнерот, роднини, пријатели и сл. што се тука за вас. На кој начин ги негувате овие релации и имате ли доволно време за нив?
Најголема поддршка ја имам од партнерот и блиските. Со оглед дека сама го управувам и водам својот бизнис и поголем дел од денот го поминувам во Kidly, затоа викендите ми се резервирани токму за семејството и блиските.
Каква улога имаше мајчинството врз вашиот професионален идентитет?
Мајчинството многу ме промени на многу подобро, ми отвори нови погледи и хоризонти.. Секојдневната инспирација која ја црпам е токму благодарение на моите две ќерки.
Здрава храна, редовна хидратација, прошетки во природа, спортување и сл. се само дел од елементите за здраво живеење. Што според вас е сушински за постигнување сеопфатен квалитетен живот?
Мислам дека интернетот ни пласира и наметнува многу нереални стандарди по кои треба да живееме и да ги правиме, а тоа некогаш знае да изгледа недостижно за некого и фрустрирачки. Многу е битно да се слушаме себеси и своето тело и да го правиме она што нам ни одговара и што нас не опушта најмногу.
Современиот свет често наметнува најразлични предрасуди и притисоци особено врз жените, од очекувањата од нивните кариери до различни општествени стандарди. Како се справувате со очекувањата на околината?
Денес живееме во време каде што општеството наметнува многу голем притисок врз жените, нивната работа и придонес. Мене лично не дозволувам да ме засегаат мислеањата и очекувањата на другите, секогаш се потпирам на себеси и моја интуиција која ме води. Зошто ние самите најдобро знаеме колку многу вложуваме и ја сакаме нашата работа, зошто поголем дел од работата како претприемач на мал бизнис луѓето не ја гледаа и не знаат колку труд, време и трпение бара.
Кој е вашиот омилен ритуал за лична нега и внимавате ли на количината на вода што дневно ја внесувате?
Хидратацијата ми е на прво место. Бидејќи цело време сум во движење и активна секогаш гледам да сум доволно хидрирана во текот на денот.
Што би било ваше идеално сценарио за блиска иднина во кое би ги виделе резултатите на вашиот сегашен труд?
Присетувајќи се на 2019- та година кога прв пат почнав да размислувам за мојот бизнис и моите планови за неговото остварување можам да кажам дема имам реализирано околу 60% од тоа што очекував да го постигнам. За блиска иднина гледам многу нови работи кои ќе ни дојдат и на кои ќе се радуваме заедно.