Галеријата Уфици во Фиренца стана најпосетено културно место за прв пат во Италија, следејќи ги годините на иновација под директорот роден во Германија Ајке Шмит, со тоа што галеријата се сврте и кон современата уметност.
Музејот познат по ренесансните уметнички дела и бавната промена на традицијата, за прв пат е пред римскиот Колосеум, урнатините во Помпеја и Ватинските музеи, со посетеност од 1.7 милиони посетители минатата година. Колосеумот е втор со посетеност од 900.000 луѓе.
Под влијанието на директорот Шмит се смени продажбата на билети, во колекцијата се додадоа нови модерни дела, ги слави жените уметнички, прикажа дела од постојаната поставка во регионалните Тоскански музеи, го подобри влијанието на социјалните мрежи, отвори досега затворени делови од музејот и се осврна на теми од современата уметност.
„Повторно одиме напред, ова е добар знак за иднината“, изјави за телевизиско интервју дирекорот Шмит, кој е историчар на уметност и е на оваа позиција од 2015 година.
Корените на Уфици се од 16-тиот век, почнувајќи со фамилијарната колекција на династијата Медичи. Колекцијата вклучува многу дела на ренеснасните уметници како Микеланџело, Леонардо да Винчи, Карваџо и Рафаел.
Последниве години галеријата ја прошири својата музејска поставка со тоа што вклучни повеќе жени уметнички како и оние од маргинализираните социо-културни и расни групи. Во декември минатата година, на пример имаше специјална изложба наменета да се осврне на родово-базираното насилство врз жени од страна на мажи. Најпосетеното шоу минатата година, кое привлече повеќе од 435.000 посетитетли беше фокусирано на „arte povera“ уметничкото движење и протагонистот Џузепе Пеноне.