„Не прикривај. Пред другите… И пред себе.
Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина.
Тука сме за тебе“
Преку кампањата „Тука сме за тебе“ на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини, организаторите упатуваат порака за важноста и потребата не единствено од правна туку и од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство.
„Долгогодишната искуство во нудење на услуги и поддршка на оваа група на жени ни покажало дека силното чувство на страв и срам прави тие да не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат, а стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк.
Преку разговор и советување со нашите стручни лица тие може да ја добијат потребната правна, но и психо-социјална поддршка и разбирање и заеднички да дојдеме до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами“, се вели во описот на кампањата.
Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош.
Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk или да остварат директен контакт на:
+389 33 413 695 Невладина организација „КХАМ“ Делчево
+389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“