Како „течна енергија“ новиот лосион од La Mer ѝ помага на кожата да се обнови самата и добие свеж, блескав и младешки изглед. Дава целодневна хидратација за да ѝ помогне на кожата да изгледа здраво и цврсто и ги пополнува линиите и брчките. Лосионот доаѓа во рециклирачко зелено шишенце.
Три причини зошто е потребен овој третирачки лосион
1.
Ексклузивната мешавина Miracle Broth (микс од витамини, минерали, цитрусно масло, еукалиптус…) го зголемува капацитетот на кислород на кожата и со тоа помага на клетките да ја добијат потребната енергија за да ја поттикне нивната природна способност да се обновуваат.
2.
Ја енергизира кожата и ѝ помага да се одбрани од штетни влијанија и со тоа изгледа обновено и свежо.
3.
Ја создава потребната основа совршена за подобра апсорпција на продуктите што се користат по лосионот.
Што го прави овој третирачки лосион уникатен?
Miracle Broth – Моќен и докажан извор на енергија и смирувачки ефект што ѝ помага на кожата да се обнови и да ја смири иритацијата.
Обновувачка ферментација – Напредната ферментација помага во заштита на кожата суплементирајќи ја со ревитализирачките ефекти на Miracle Broth и заштита од црвенило и иритација.
Чај од лимета – Ексклузивниот чај од лимета е моќен антиоксидант и е комплементарен со мешавината Miracle Broth.
Активен течен хидрогел – За пополнета текстура на кожата. Длабоко навлегува под површината за да обезбеди хидратација.
Како се користи лосионот?
По чистењето на лицето се става мала количина од лосионот на прстите или на памук и се нанесува на лицето. По лосионот се продолжува со останаите продукти, серум или крем за лице.