Лила, Розе, Синка и Sвонко Бонбонко, се улогите во детската претстава ТРИ, прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица и за останатата широка публика што ќе се одржи вечерва во Центарот за култура во Битола во 18 часот.
„АТО ви ја најавува детската претстава ТРИ – Прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица и за останатата широка публика на македонски јазик. Наменета е за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви. Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик. Добредојдени се сите љубители на театарската уметност“, објавуваат од Центарот за култура.
За тие што ќе ја испуштат репризи ќе има 6,7,13 ноември во 12.00ч. Билетите се пуштени во продажба на касата на НУ Центар за култура Битола (15.00-21.00ч) по цена од 100 денари.
Продукција: ATO
Режија: Јован Ристовски
Актери: Никола Пројчевски, Маја Андоновска Илијевски, Анастазиа Христовска, Сандра Грибовска
Костимографија: Марта Дојчиновска
Шминка: Симона Ристевска
Дизајн на плакат: Димитар Ристовски
PR: Љубица Ангелкова
Толкувач на знаковен јазик: Сузана Станоевска
Поддржано: GIZ North Macedonia, Министерство за култура, Општина Битола