Нова иницијатива, со поинаков концепт на функционирање вметнат во минималистички
ентериер, со акценти во силна живописна розова боја позади која стојат Архитектонското
студио KONNTRA и моднaта дизајнерка Евгенија Зафировска. Две реномирани студија од
различни области на дизајнот. Архитектура и моден дизајн сплотени со една цел,
остварување на нов простор за креативци. Еден вид на локален „активатор“ за занаетчии,
скулптори, дизајнери или секој што чувствува потреба да се придружи и да ги сподели
своите концепти и ставови во областа на дизајнот, архитектурата и занаетчиството. Со
последните трендови модата и архитектурата трпат промени, реагираат, се
приспособуваат и ја докажуваат својата флексибилност. Таква прва соработка е
колекцијата на Ена Зафировска THE BEGINNING која е инспирирана од претставувањето
на KONNTRA со MO·NU·MENT на овогодинешното 17то Венециско Биенале, претставена
на ЕXPO 30 – Bottega Eventi. Овој пат соработката продолжува во една сосема нова
приказна, која е прва од ваков вид во нашиов регион. Приказна која ја претставуваме
преку основањето на МАЛА.
Истовремено изложени се и дел од графиките преку кои се презентирани проектите на
KONNTRA. Архитектонското студио, кое во изминатите неколку години постигна одлични
резултати на низа натпревари од областа на архитектурата и дизајнот. препознатливи по
нивниот пристап со современ, карактеристичен и живописен израз за презентирање на
нивните архитектонски проекти. Меѓу изложените конкурсни трудови се наградени се: 1-во
место за средно училиште и спортска сала во Вуковар, Хрватска; 1-во место на
Меѓународен конкурс за архитектура и урбан дизајн на општинска зграда и главниот
плоштад во Зеница, Босна и Херцеговина; 1 место за дизајн и обнова на Плоштад на
традиционални занаети во Вараждин, Хрватска; Второ место за Здравствен дом во
Загреб, Хрватска. 4-то место за градинка во Стењевац во Загреб.
Во креативна платформа МАЛА за прв пат во Македонија можете да видите и пробате
елек изработен од Piñatex®, иновативен природен текстил направен од влакна од листови
од ананас. Ова е нуспроизвод на постојното земјоделство, а неговата употреба создава
дополнителен прилив на приходи за земјоделските заедници кои инаку се потпираат на
сезонска жетва. Piñatex® е развиен како одржлива алтернатива и за масовно
произведената кожа и за загадувачките синтетички материјали, нудејќи подобар избор за
подобра иднина.
Филозофијата на брендот Евгенија Зафировска е да понуди подлабоко задоволство од
производот со квалитетен дизајн, добро вклопување и одржлив процес. Бренд за кој
одржливоста во модата е приоритет. Резултатите се уникатни, целосно носливи и
безвременски парчиња. Процес во која се потврдува дека новата ера на луксуз значи да
се биде општествено и еколошки одговорен.